Часовникот на апокалипсата не мрда

„Часовникот на апокалипсата“ е симболично предупредување за човештово колку сме блиску до уништување на нашата планета. Во моментов Путин мавта со нуклеарки, во Украина се води жестока војна но оние што го курдисуваат саатот решија да го остават на истото време како пред три години. За време на Трамп, трипати го мрдаа напред.

„Часовникот на судниот ден“ останува на 100 секунди до фајронт, позиција на која се наоѓа од 2020 година. Организацијата Bulletin of the Atomic Scientists во чие управување е часовникот така реши во јануари годинава, пред започнување на војната, така потврдија и деновиве, во март.

За контраст, за време на мандатот на Трамп, часовникот трипати се приближуваше кон апокалипсата и тоа беше објаснувано со нуклеарна опасност (заради раскинување на договорот со Иран) но и со климатските промени па дури и со опасноста од фејкњуз.

Денес, ете, времето е стабилно.

Во 2017, кога се приближи на две ипол минути до полноќ, Вашингтот пост тоа го пренесе со објаснување „благодарејќи на Трамп“.

Часовникот на апокалипсата функционира од 1947 година и претставува симболично предупредување дека можеби планетава ќе остане, но не и ние со неа. Еден од основачите на Булетинот на атомски научлници е и Алберт Ајнштајн.

Досега најголема утка им беше што часовникот воопшто не ја регистрираше големата кубанска ракетна криза во 1962 година, кога Москва и Вашингтон беа најблиску да се спукаат со нуклеарки. После објаснуваа дека не знаеле што точно се случува.

Последен пат кога часовникот малку олабави и нè оддалечи од апокалипсата беше во 2010 година. Во времето на Обама.

 

 

14 март 2022 - 11:41