За некому да му сe залепи таква етикета, доволно е тој да потсети дека ширењето на НАТО на исток Русите го доживуваат како закана.
Ако е така, тогаш Бајден одбрал предавник да ја води ЦИА. Еве на што Вилијамс Брнс во 2008 година го предупредува тогашниот американски претседател Џорџ Буш.
„Украинското влегување во НАТО е најсветла од сите црвени линии на руската елита (не само на Путин). Во овие две ипол години како комуницирам со клучни руски играчи, од примати од најтемните ќошиња на Кремљ па до најострите либерални критичари на Путин, сè уште немам сретнато таков кој мисли дека Украина во НАТО е нешто друго освен директна провокација за руските интереси“.
Брнс во депешата вели дека не може доволно да се преценат стратешките консеквенци на нудењето членство на НАТО и дека таков потег ќе создаде „плодна почва за руско мешање во Крим и источна Украина“.
Депешата на Брнс, тогаш американски амбасадор во Москва, ја спомнува и американскиот морнарички разузнавач Скот Ритер, чија анализа на кризата ја пренесовме во статијата: Запад требаше порано да сфати дека Путин не блефира.