Притвореник во таен затвор на ЦИА во Авганистан бил користен како жив реквизит за на него да се подучуваат приправници испрашувачи, кои му се ределе за да му ја удираат главата на ѕид, оставајќи го со оштетување на мозокот.
Детале за тортурата на Амар ал-Балучи се познати уште од 2008 година од извештајот генералниот инспектор на ЦИА, но декласифицирани беа неодамна, по барање на неговите адвокати, за да може да му се изврши независен медицински преглед.
Балучи е 44-годишен човек од Кувајт, еден од пет осомничени од трибуналот во Гвантанамо за учество во заговорот на 11 септември, но неговите пред-истражни испрашувања траат цели 10 години.
ЦИА знаела дека преместувањето на уапсениот Амар ал-Балучи во 2003 година од пакистански притвор во тајна локација северно од Кабул било „екстра-легално“ (каква формулација!), бидејќи во тоа време бил под пакистанска јурисдикција и повеќе не претставувал терористичка закана.
Неговите мачители нагалено наречени испрашувачи прибегнале кон неколку екстра техники кои не се дозволени во упатствата за „напредни испрашувачки техники“(кои и онака се грозни): со стап зад колената, го крцкале наназад додека клечи и го полевале со мраз-студена вода.
Повредите на мозокот му се од техниката „ѕидарење“ (walling) во која со помош на каиш околу врат, се треска главата на субјектот од ѕид.
Без да навлегуваме во детали, од „техники“ кои се користеле во Гвантанамо и други слични „установи“, освен познатите вотербординг, мачење со неспиење, тепање и сл, ќе наведеме само една: ректално хранење и ре-хидратација.
Еден друг затвореник во Гвантанамо, Абу Зубајда, има скицирано серија авто-портрети од својот четиригодишен престој во таен затвор на ЦИА: