Живот и забава

Денот на 007

50 години по премиерата на Џејмс Бонд во Доктор Но, компаниите кои стојат зад најдолготрајната филмска франшиза на светот, ќе го прослават роденденот со започнување на глобален Џејмс Бонд ден, на 5-ти октомври.

Од чашата си патиме

Причината зошто многу и брзо пиете пиво нема никаква врска со тоа колку сте дрчни, туку директно е поврзана со тоа колку ви е заоблена чашата.

Пролетери од сите земји, напијте се

Да обележиме еден важен јубилеј: овие денови навршија точно 168 години од една пијанка. Озбилна, повеќедневна, епска. Тешко дека ќе најдете некоја друга која повеќе го сменила текот на историските настани. Другари и другарки, деновиве пред години во Париз за првпат се среќаваат Карл Маркс и Фридрих Енгелс. И се прават - манифест.

Бразил легализираше тројки

Земјата која секогаш потсетува на убави работи, сега има уште една убава работа - Бразил дозволи брак на маж и две жени.

Битката за Кумот

Од една страна е Парамаунт, од другата страна е синот на Марио Пузо. Тема - кој ги има авторските права за објавување книги од Кум серијалот.

Тие заработуваат од Јутјуб

Кучиња, мачиња, пилатес инструкции, што и да е. Илјадници луѓе заработуваат и по 100.000 евра од своите аматерски видео клипови на Јутјуб.

Џабе седите гладни

Да не ви го кршиме филмот, ама ако до сега сте се мачеле да бидете на ниско калоричната диета, треба да знаете дека тоа нема да ви помогне да живеете подолго, објавува Њујорк тајмс, пишувајќи за резултатите од она што го нарекува "важна и долгоочекувана студија."

Има ли логика во авионот?

Ќе се преиспитува најглупавото правило во авионскиот сообраќај, за исклучување апарати додека се полетува или се слетува. Тури му пепел на целиот систем ако нечиј мобилен може да зезне цела работа.

Нашето најголемо пештерско богатство

Советот на еден од највлијателните американски педијатри за тоа како да му зборувате на вашето двегодишно дете гласи: третирајте го како да е мајмун или во најдобар случај, човек од пештера.

Ни за разгледување не сме

Стара фора: се продава куќа за 160 милиони долари. Нова фора: само брошура за куќата чини 3.000 долари.

Лепете на нешто свое

Американскиот апелационен суд ја стопираше новата серија предупредувачки стикери за цигарите чија основна намера беше да бидат огромни и одвратни. Објаснување: Не може Влада да користи производи на приватни компании како свои билборди.

Парадопинг на олимписки начин

Познавачите на состојбите меѓу параолимпијците стравуваат дека добар дел од парализираните спортисти намерно ќе се повредуваат со нивните недозволени методи за постигнување подобри резултати. Верувајте, прилично драстични методи.

Кофеин: добриот, лошиот и грдиот

Тоа што не наспани се будите од спиење е директно поврзано со шољата кафе што ќе ја испиете веднаш по станувањето.

Кој тоа газдува со нас?

Замислете гадни микроби како шпартаат по вашиот мозок и праќаат сигнали низ рбетните нерви. Или како милион мали гадови дремат во вашиот стомак и одредуваат што ќе правите. А сега, замислете дека ова не е хорор од научна фантастика, туку од природата.

Однесено со рацијата

Американската полиција откорна насади на марихуана во вредност од над 1 милијарда долари. И за сето тоа е виновна сушата.

Одиме на плус

До пред некое време магазините го користеа Фотошопот исклучиво за слабеење на манекенките од насловна. Сега работите радикално се имаат сменето.

Новите Pussy Riot и старите музички жртви

Руските панкерки од Pussy Riot (нешто како "Распеани скопјани" со муда) добија двегодишна затворска казна заради "хулиганство мотивирано од религиозна омраза". Прилично остра казна за еден, во суштина глуп потег, да се влезе во црква и да се малтретираат верници со свој перформанс. Музиката продолжува, девојките имаат нов сингл во кој го реметат Путин.

Големата преселба на адвокатите

Моќна група американски адвокати пред една деценија прописно ја растури тутунската индустрија заработувајќи за себе стотици милиони долари од успешните судски завршници. Во меѓувреме мораа да се задоволат со ситни победи во осигурителните, автомобилските или фармацевтските случаи. Сега го намирисале својот следен голем улов.

Чекајќи го Ифтар

Месецот на Рамазан е време на молитва, солидарност и милост. И пост, кој почнува од изгрејсонце и трае до зајдисонце. Но, кога да се јаде ако во твојот град сонцето никогаш не заоѓа?

Рестрикции за Лено

Џеј Лено во моментов има два проблема - прво, шоуто нема рејтинзи како порано, второ, шоуто чини далеку поскапо отколку пред тој да се врати. Второво, почнаа да го решаваат преку платата на Лено.

Рибарот се врати дома

Британскиот автор на документарци и крајно успешен рибар (за разлика од некои) Џереми Вејд, го заврши снимањето на серијата "River Monsters" чија единствена цел е да ги документира најмонструозните примероци на слатководни риби. И немате поим колку успеал.

Кореецот што не требаше да биде славен

Кога се во прашање неочекувани ЈуТјуб ѕвезди феномени, некако Кореецот Psy е многу повеќе фаца отколку Карли Ре или Ребека Блек. На прва, дечкото е нешто како корејски Мањифико.

Брачните дилеми на Чарлс Дарвин

Сакал да ја ожени својата братучедка но знаел и дека бракот ќе влијае врз неговиот начин на живот и академски аспирации. Па седнал и ги запишал своите дилеми. Таткото на еволуцијата, Чарлс Дарвин, про и контра бракот.

Како БиБиСи го сотре ЕнБиСи на Олимпијадата

И да не се земе во предвид негодувањето на Американците за прекините за реклами и одложениот пренос на речиси сите настани од Лондон, БиБиСи на Олимпијадата се покажа неспоредливо моќен во однос на ЕнБиСи.