Живот и забава

Ова се Оскарите 2014.

И по доделувањето на 86-те Оскари на Американската филмска академија, сè е по старо: Леонардо Ди Каприо повторно остана без Оскар (браво за Мекконахи!) а интервјуата на црвениот тепих остануваат убедливо најдосадната работа која доаѓа од Холивуд.

Семпл е, ама комплициран

Култниот бенд од 90-тите, Де Ла Соул, реши да јa дигитализира целата своја музика и за Валентајн да им ја понуди на своите фанови бесплатно. Зашто поевтино е да не заработиш ништо отколку по судови да плаќаш милиони за секој што ќе си познае семпл во тојата песна.

Најголемите губитници и други работи околу Оскарите

Иако Мерил Стрип ни изгледа како семоќна кралица кога ќе се појави на Оскарите, жената нема ни една третина од номинациите на Богот на златните статуетки - Волт Дизни.

Како Хелветика го освои светот

Минатата недела почина Мајк Паркер, типографот кој е најзаслужен за промоција на фонтот кој стана дел од глобалната визуелна култура и чиј дизајн може да го препознае и ненавежбано око.

Разочарување на кој било ден

Што се однесува до корпоративните видови луѓе, стажантите се расата која никој не очекува да биде платена (дури ни самите тие). Во случај да се платени тоа се движи некаде на границата на греота. Наспроти оваа пракса се 25 компании кои на своите стажанти им даваат плата која вам би ви било незгодно да ја помислите.

Денот кога го збеснав Виктор Јанукович

Новинар на BBC се сеќава како се уплашил кога заради серија незгодни прашања, екс претседателот на Украина му заличил како на лик од филмовите на Скорсезе. И уште поинtересно, како ПР машинеријата на Јанукович подоцна успева да ја спинува приказната, и тоа во западните медиуми.

Не, Оскарите нема да имаат публика од 1 милијарда

На 2-ри март се одржуваат 86-те Оскари, до тогаш и деновите потоа ќе се раскаже цел список бројки, меѓу кои задолжително (како и во изминативе 30 години) ќе се спомне дека преносот го гледале над 1 милијарда луѓе. А не е така.

Како да се биде одговорен хранејќи богаташи?

Во мојата генерација не мислевме на обврски. Бевме во бизнис на пружање задоволства, и тоа беше тоа. Твојата единствена обврска беше да им овозможиш на муштериите да си поминат убаво по разумна цена. И никој не се секираше од каде доаѓа сосот од домати ако тој овозможуваше задоволство. Но, динамиката се промени.

70 милиони причини за на Булок да не и гајле за Оскарот

Договорот на Сандра Булок за снимањето на Гравитација е 20 милиони долари авансно, плус процент од заработката на филмот. До сега филмот заработи 700 милиони долари, а Булок околу 70.

Порно лига: Оскари

Порно ѕвездите не се некои посебни јасновидци (освен кога сабајлечки имаат некакво чувство дека дента ќе наебат), но ако еден орангутан со години успешно го предвидува исходот на американскиот Супербоул, зошто тие не би можеле да погодат кој ќе добие Оскар? Еве ги нивните тикети: 

Кога ушите те лажат

За илузиите обично виновни ни се очите. Меѓутоа, и ушите знаат- и тоа како - да не измамат. Знаете, сте слушале ваљда предизборни кампањи. 

Колку пари троши Холивуд на маркетинг

Во предвид се земени 4 фактори: колку пари заработува студиото, колку пари троши на реклама, колку е моќно на социјални медиуми и колку номинации за Оскар има. Кога ќе ги ставиш сите овие работи на куп, сфаќаш дека никој од тие нема влијание еден на друг.

Љубезноста ја убива машката самодоверба

Мажите се толку несигурни во себе што самодовербата им ја расклатува и обична љубезност. Ако сакате некој мажјак да утепате во поим, доволно е само да му придржите врата кога влегува. 

Психологија на зависноста од трчање

Текстот и целата дилема околу зависноста од трчање го пишува професор од Универзитетот на Тексас, кој пред 30 години почнува редовно да трча по 5 километри на ден, за денес да му требаат дневно да претрча 16 километри за да се чувствува како да вежбал.

Германија станува борделот на Европа

Ако немате баш нешто попаметно да правите, да се прошетаме низ најголемата јавна куќа во Европа. Нема гајле, легална е.

Убави и сингл, како тоа?

Консензусот е дека убавите жени имаат проблем да најдат партнер затоа што наоколу нема толку убави мажи колку што има убаво жени. Излезе дека ним изгледот и не им е толку важен.

Зошто не можеш да чуваш тајни?

Чувањето тајна бара постојан труд и напор за таа да остане сочувана. Наспроти тоа, издавањето тајна е само еден краток чин кој инстантно ја завршува работата.

Како паразитите нè манипулираат?

Малите гадови не само што знаат непоканети да се инфилтрираат како кираџии во нечиј организам туку умеат и суптилно да го насочуваат однесувањето на домаќинот во своја полза.

Бикини издание по 50-ти пат

Во 1964-та, Спорт Илустрејтед го објавува првото Бикини издание на магазинот. Од тогаш се што вие гледате како згодни жени, тие го гледаат како милиони долари вреден бизнис.

Кога Том Вејтс ќе ти склепа песна на нога

"No One Can Forgive Me But My Baby" е една блуз класика за која многумина мислат дека е на Бо Дидли. Приказната е многу поинтересна.

Победникот носи сè

Аба изгледаа како што изгледаа не само зашто такво беше времето туку затоа што според шведските закони, ако е доволно лоша за да не може да биде носена на улица, одредена облека може да биде ослободена од данок.

Како му изгледа на Фејсбук кога ќе се заљубиш

Тие што дремат на Фејсбук и рефрешираат ко од тоа да им зависи животот веќе имаат забележано, ама сега Фејсбук и официјализираше - ви се познава од постовите дека се сукате на некого.

Можете ли да се поправите за 1%?

Ако човек успее за небитни еден процент да промени многу детали од својот живот, вкупниот ефект на тие промени може да биде фасцинантен.

Канцеларијата со едно биро

Без разлика дали сакаат или не, сите вработените на маркетинг агенцијата The Barbarian Group мора да делат едно ултра големо супер-биро што ја зафаќа целата канцеларија. Имаат 125 вработени.