Реј Готц е комичар во Њујорк и тоа веќе 11 години. Генерално е добар комичар, што е сериозна аномалија во целата негова ситуација, бидејќи дури и слабите комичари постојано имаат девојки на располагање. "Знаеш што прават комичарите после шоуто? Пијат, пушат и ебат. Тоа го прават, бидејќи овие 3 работи се лесно достапни доцна навечер кога им завршува смената."
"Зошто го пишувам ова? Затоа што знам уште многу момци како мене. На ова бев потсетен минатиот викенд, кога 22-годишниот Елиот Роџер направи масакр, тврдејќи дека неговиот гнев е делумно заради тоа што тој се уште бил девица. Тој својот живот го опишува како 'измачување.' Можам да го разберам ова негово чувство. Не само што никогаш не сум имал секс, туку и никогаш не сум имал девојка. Цел мој живот. Ама би сакал да можев да му кажам животот без секс е измачување онолку колку што ти сакаш тоа да биде," пишува Готц за Салун.
Готц објаснува дека пати уште од 1999-та, кога една девојка му удира корпа заради тоа што тој наводно почнал да збори низ училиштето дека му била девојка (нешто што подоцна излегува дека е гласина што ја пушта бившиот на девојката).
После толку години немање секс и девојка, тој има комплетно разбирање за девојките и смета дека тие воопшто не се виновни за неговата ситуација. Ем, кога веќе издржал толку години без секс, сега веќе е помирен и решен да чека до брак (што претходно воопшто не била намерата).
"Делот што боли, е што никоја до сега не ме гледала мене како дечко. Ама секако луѓето сакаат да зборат само за сексот. Кога си девец на оваа возраст, тоа им пречи на луѓето. Те прашуваат. Те осудуваат. Те исмејуваат. Како што стареам, тоа претставува сериозен проблем со жените. Ме гледаат поинаку или пак не го сакаат товарот што доаѓа со тоа да ми бидат први. Ама делот што сум девец воопшто не ми пречи. Ако навистина сакав да го променам ова, имаше начини," објаснува Готц.
На целата мака, во денешно време тој е опколен со социјалните медиуми на неговите пријатели (или само Фејсбук пријатели), на кои тие константно си изразуваат љубов, раскажуваат колку им била прекрасна врската и слично.
"Ако си девец / девица и го читаш ова - посебно ако си под 25 години - не дозволувај ова да те онерасположува. Имаш толку многу години пред тебе. Имаш толку многу луѓе наоколу. Не се споредувај со другите. Не дозволувај тој еден факт да те дефинира. Продолжи да се обидуваш. Одбивањето боли, ама мора да продолжиш да се обидуваш. И ако личноста што ти се свиѓа смета дека ти не си правиот, тогаш тие губат, а ти ќе си заштедиш пари за Божиќ. Ама мора да продолжиш да се обидуваш. Ако знаеш колку си добар, само продолжи да се трудиш се додека сите останати не сфатат колку си добар," порачува Готц.