Луѓето од Popular Mechanic консултирале истражувач од Стенфорд да го објасни фамозниот удар на најголемиот борец против светските неправди.
„Кога го гледаш ударот од еден инч (1 инч=2,54 цм), можеш да видиш како неговите испружени нозе добиваат на цврстина со едно брзо, експлозивно оптегнување на коленото", вели Роуз. Ненадејното движење на неговите нозе ја зголемува брзината на колковите на Ли, што пак од друга страна го поместува напред рамото на раката со која удира.
Како што рамото на Ли пробива напред, раката почнува да му работи. Вртењето и истовременото продолжување на неговиот лакт ја движи тупаницата напред. За финален ефект, вели Роуз, „молскавичното движење на тупаницата пред ударот може уште повеќе да ја зголеми нејзината брзина". Кога еднаш ударот ќе се спушти на целта, Ли речиси веднаш се повлекува. Роуз вели дека ова го скратува времето на удар, што пак ја компресира силата и го прави помоќен.
Со други зборови, зад тој удар не стојат мускулите на Ли туку комплетната физичка координација и тајмингот. Совршено синхронизирање на нозете, колената, колковите, рамото и тупаницата за да се максимизира моќта на тој удар.
Кога Робертс направил мозочни скенови од учесниците во неговата студија, тој исто така сфатил дека силата и координацијата на ударот од два инча на секој учесник биле директно поврзани со микроструктурата на белата маса - супстанцата која е одговорна за комуникацијата помеѓу мозочните клетки - во дел од мозокот наречен дополнителен моторички кортекс. Ова е важно затоа што оваа област од мозокот ја раководи координацијата помеѓу мускулите на екстремитетите, врз кои се потпираат ударите од блиску. Променетата бела маса овозможува почести или посложени врски помеѓу клетките во тој дел од мозокот, вели Робертс, што би можело да ја зголеми способноста на оној кој удира да ги синхронизира неговите или нејзините движења.