Кога доаѓаш на натпревар претпоставката е дека барем нешто од нешто имаш совладано. Ама не, ова нема ни држење, ни техника, ни знаење, ни волја малку од малку да напредува. Дебакл. Воопшто немало потреба ни да се појавува. Резил!
За најдобар спортист на Македонија во годината што истекува е избран ракометарот Стоилов, а неговиот избор предизвика реакции кај претставниците на индивидуални спортови.
Убаво е кога ќе се чуе терминот „освои злетен медал“ за некој македонски спортист, па макар и во еден не многу популарен спорт како што е каратето. Нашиот Иво Цветковски последниот значаен успех го забележа на Светскиот Куп Лашко 2016 во Словенија пред околу три месеци. Најтазе потег од него на интернет.
Брус Ли имаше една неверојатна и уникатна способност, да зададе удар без залет. Му беа потребни само пар сантиметри да пласира разорен удар кој го поместува противникот пар метри назад. Е, не!
Фудбалерите на младинските бразилски екипи Ново Хамбурго и Интернационал одиграа натпревар кој повеќе наликуваше на карате. За ваква интеревенција во одбрана потребни се часови по боречки вештини.
Тоа се тие двајца каратисти кои “расцветаа“ две невини фаци. Првиот е професионалец кој изведе удар кој мислевме дека постои само на филм, а вториот тоа го прави многу несмасно на квалификацискиот фудбалски натпревар помеѓу Нов Зеланд и Нова Каледонија.