Каратистот Берат Јакупи против изборот на Стојанче Стоилов

За најдобар спортист на Македонија во годината што истекува е избран ракометарот Стоилов, а неговиот избор предизвика реакции кај претставниците на индивидуални спортови.

Најдобриот македонски каратист во моментов, Берат Јакупи упати остра реакција до стручната комисија, сојузот на федерации и здружението на спортски новинари за според него политичкиот избор.

„Синоќа се прогласија најдобрите спортисти во Македонија за 2017 година. За наградаta Спортист на годината меѓу петте номинирани беше и Берат Јакупи (јас). Според сите критеруими за одбирање на најдобриот спортист во текот на 2017 година, неправедно му се дава оваа награда на еден ракометар, кој е член на еден клуб и заедно со своите соиграчи постигнаа резултат кој и не е за потценување.

Оценувањето од страна на професионалната комисија, Сојузот на федерации и здружението на спортските новинари во одбирањето на најдобриот спортист беше еднострано и политичко. Наградата најдобар спортист на година му се доделува на спортист кој носи во Македонија медал од олимписките игри, светски или европски првенства, како член на репрезентација во одреден спорт. Ако во текот на годината нема таков резултат тогаш се земаат предвид клупските резултати во меѓународните арени и слично.како илустрација ќе дадам два примера:

Во 2013 год во Аргентина, и покрај сите резултати и достигнувања и награди што си зеде Меси како играч на Барселона, за „Sportman of the Year“ се прогласи Хуан Мартин Дел Порто, тенисер кој донесе олимписки медал за Аргентина, и во вториот случај тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој ги освои сите престижни турнири, за спортист на годината се прогласи друг српски спортист кој донесе на Србија светски медал.

Јас, Берат Јакупи, ценам дека сум обесправен и нема да толерирам позиција на инфериерност и маргинализација. Ние, спортистите се цениме и почитуваме меѓусебе и така ќе продолжиме и во иднина, али неправедностие кој доаѓаат од фрустрирани луѓе или одредена група ќе ги објавиме“, вели Јакупи.

Via