9 од 10 википедија артикли поврзани со десетина болести како што се срцевите и белодробните заболувања, депресијата и дијабетесот, содржат една или повеќе грешки, утврдила група американски научници.
"Од аспект на јавносто здравје, пациентите не треба да ја консултираат Википедија како примарен извор бидејќи тие статии не минале низ потребните стручни рецензии," велат авторите.
Википедија е добротворен проект кој содржи преку 30 милиони артикли на 285 јазици. Отворена е и секој може да работи на неа, иако постојат и голем број волонтери од медицината кои ги прегледуваат страниците и ги поправат увидените грешки.
Отвореноста на енциклопедијата и нејзината популарност ја зголемуваат загриженоста на лекарите од нејзините ефекти бидејќи во 90 проценти од статиите се најдени грешки кои можат да доведат до заблуди и погрешни одлуки за здравјето.
Уредништвото на Википедија вели дека се разгледуваат бројни иницијативи за тоа како важните медицински текстови да се направат попрецизни и почитливи.