Данците долго се на врвот на листата на најсреќни земји на светот а ова е приказна за Копенхаген и цаките кои ги прави, за луѓето да бидат позадоволни од него. Нашето евентуално патешествие кон нивниот статус нè води низ две невозможни мисии. Прво, да дојдеме до пари и второ, да не ни бидат битни.