Нема врска тоа со некаква прецизност и научност. Се прави листа, се сеќаваш каде кој пеел најниско, кој тон му бил највисок па сметаш колку октави има помеѓу.
Првата таква ја состави еден музички веб сајт и таа изгледаше вака:
Листата на која Аксл Роуз го зема приматот со опсег од пет октави ги запали страстите па вирално наиде на многу реакции. Забелешките беа на нејзината некомплетност и паушалност. Беше создадена друга апдејтирана листа по која Роуз беше тицнат од Мајк Патон кој во грло држи ергела од 6 октави.
Фановите на пеачот на Ганс енд Роузис се заинатија па во песната "There Was a Time" од албумот Chinese Democracy од 2008-ма, му го ископаа најнискиот тон по што испаднадека неговиот глас комотно се движи во 7 октави (највисокиот пискот му е во неговиот кавер на Dead Boys, "Ain't It Fun).
Аксл е кул со ваквиот пораз. Вели дека сите вакви листи се субјективни и не значат многу. Тој на магазинот Ролинг Стоун му понуди листа од 18 пеачи кои тој попрво сака да ги слуша отколку самиот себе:
Ова се неговите фаворити:
Freddie Mercury, Elvis Presley, Paul McCartney, Dan McCafferty (Назарет), Janis Joplin, Michael Jackson, Elton John, Roger Daltrey, Don Henley, [фронтменот на Electric Light Orchestra] Jeff Lynne, Johnny Cash, Frank Sinatra,Jimmy Scott (џез пеач), Etta James, Fiona Apple, Chrissie Hynde (од Притендерс), Stevie Wonder, James Brown.
И уште тон други! - додава Роуз.
Инаку, светскиот рекорд во дијапазон на гласот го држи Тим Стормс кој поседува опсег од дури 10 октави!
Вака звучи тој негов бас:
И во акапела (пуштајте вуфери или ставајте слушалки):