Во 2008-ма, Пета (People for the Ethical Treatment of Animals) лепеше вакви билборди но тие бргу беа повлечени откако раководството на организацијата се премисли за идејата.
Сега јавноста дозна дека тие повторно се занимаваат со идејата да ги поврзат млечните производи со аутизмот, иако за тоа не постојат никакви научни докази.
Во Пета појаснуваат дека тие никогаш не тврделе дека млекото предизвикува туку само дека ја влошува оваа состојба.
Во дописот до медиумите, потпретседателот на Пета набројува уште куп болести кои ги поврзува со конзумирањето млечни производи.
Нашиот веб сајт на родителите им обезбедува вредни информации за наодите дека исхраната без млеко може да помогне во аутизмот. Откажувањето од млечните производи - за кои постојат сомневања дека предизвикуваат астма, запек, ушни воспалувања, неодстаток на железо, анемија па дури и рак - е здрав избор кој покојниот Доктор Бенџамин Спок им го препорачуваше на сите семејства. Со тоа се поштедуваат и кравите од постојаните забременувања со што се форсираат да произведуваат млеко за луѓето, вели Трејси Реиман од Пета, организација која Американскиот департмент за земјоделство и сточарство пред неколку години ја означи како "терористичка закана"