
Аудио светот околу нас повеќето од нас го земаме здраво за готово, но, едно во 1.000 бебиња се раѓа глуво а голем е бројот и на луѓе кои подоцна го губат слухот.
Американската компанија Cochlear веќе извесно време стандардно ги нуди своите импланти кои внесоа револуција во оваа област. Јасно е дека помагаат и дека со нивна помош, глуви луѓе можат да постигнат и 100 процентна разбирливост на човечки говор. Но, досега се немаше вистинска претстава како тоа навистина звучи.