Живот и забава

Комбе за електрични хипици

Некаде во декември минатата година престана да се произведува легендарното хипи комбе на Фолскваген, икона на слободното движење и дружење. Стигна предлог за замена. Новото комбе би било електрично, со магнифисент поглед.

Телефонот излезе од своја кожа

Наместо да го кршите Ајфонот кога ќе ве изнервира Флапи Брд, ќе можете да ја искршите масата на која играте. Поефтино е.

Најлошиот келнер во историјата

Сан Франциско, крајот на 60-те, кинески ресторан Сам Во. Влегува гостин, а таму Едсел Форд Фонг - најнавредливиот келнер на светот - го пречекува со "седи и заќути."

Сега и млекото предизвикува аутизам

Медиумите јавија дека контроверзната организација за заштита на животните Пета, ја оживува својата стара кампања во која се порачува дека млечните производи предизвикуваат аутизам.

Не постои такво нешто како "дроља"

„Дроља" или „ороспија" е едноставно навредлив термин кој дури (или особено) помеѓу жените служи за воспоставување хиерархија и за меѓусебно контролирање. Има и класни разлики во тоа кое однесување жените го дефинираат како курвинско.

Имаме ли ние Кајмаковски и за Секс Фактор?

Освен инстант слава и куп пари, победниците на ова реално шоу на таленти  можат да очекуваат снимен секс со домаќинката на приредбата.

На кого му е најголем?

Вистинска какофонија излезе откако решија да прават топ листа на познати пеачи со најголем опсег на гласот. Прво најјак испадна Аксл Роуз, па луѓе се побунија па прв изби Мајк Патон од Faith No More. Па после му најдоа еден низок тон на Аксл па тој повторно е на врвот.

Што е тоа „кул"?

Жена со бебе се качува во автобус. Возачот и вика: „Уф, ама ти е грдо бебево!". Жената седнува позади и изнервирана му вели на тој до неа: „Возачот само што ме навреди!". Човекот: „Епа оди и дорасправај се. Јас ќе ти го почувам мајмунчево".

Зошто исчезна оваа фотографија?

Фотографијата од човекот кој паѓа од запалените кули на Светскиот трговски центар беше веројатно нејвпечатливиот фото документ за ужасот кој тој ден му се случи на Њујорк. Па сепак, неа набргу ја снема од речиси сите известувања или сеќавања на 11-ти септември 2001.

Википедија не е матичен лекар

По педнатна проверка на медицински статии во најпознатата светска веб енциклопедија, научниците предупредуваат таа внимателно да се користи бидејќи содржи куп грешки поврзани со здравјето. 

Како група студенти ги победија казината

Секое правило има исклучок. Вклучително и она дека "во коцкање секогаш победуваат казината." Ова е приказна за Блек Џек екипата од угледниот универзитет МИТ.

Аукција на паркинг места

Рим е толку полн со автомобили што човек ни за пари не може да најде слободно паркинг место. Но, она што не може со пари, може со - повеќе пари.

Што вели науката за ударот на Брус Ли?

Брус Ли имаше една неверојатна и уникатна способност, да зададе удар без залет. Му беа потребни само пар сантиметри да пласира разорен удар кој го поместува противникот пар метри назад. Е, не!

Како звучи звукот во светот на тишината

Благодарение на пациент кој го изгубил слухот на двете уши и добил импланти, но подоцна на едното уво му се вратил природниот слух, за првпат може да се дознае и спореди што тие луѓе навистина слушаат.

Дома е постресно отколку на работа

Да, шефот знае да биде шупак и колегите да бидат неподносливи ама апарентли, 8-те работни часа испаѓаат најопуштениот дел од денот. Стресот живее дома.

50 години папараци фотки

Половина век чекаат во заседа и буричкаат по ѓубрињата на познатите. Навидум никој не ги сака и никому не му се потребни, освен на публиката која масовно ги голта нивните производи.

Студиото за иднината на вестите

СпортсЦентар е главната информативна емисија (Дневник) на спортската телевизија ЕСПН, која до стартот на Мундијалот во Бразил треба да почне да емитува од новото студио, на чие создавање (без застој) се работи веќе 3 години.

Колку повеќе си го фотографираш животот, толку помалку си го памтиш

Во ерата на Фејсбук и другите социјални мрежи кога луѓето фото документираат и најбанални моменти од своите животи, на актуелност добива една стара идеја на Ерих Фром за фотографијата како отуѓено сеќавање.

Шест знаци дека сте многу чувствителни

Важна напомена: овде не се зборува за дијагноза, туку за тип на темперамент. Тоа значи дека ако сте машко, а се препознаете во описот, не сте плачипичка. А ако сте женско и не се препознаете, почекајте до ПМС.

Како Стоунси станаа најголемиот музички бизнис

Деновиве почина баварскиот аристократ Принс Руперт Ловенштајн, гуруто за финансиски операции на Ролинг Стоунс и човекот кој успеаа од речиси банкротирана приказна да направи бизнис од скоро една милијарда долари. Како сторијата на Стоунси стана толку исплатлива?

Клуб 27, на научна основа

Идејата за Клуб 27 почнува да добива внимание по смртта на Кобејн, кога мајка му во едно интервју изјавува "му реков да не се приклучува кон тој глуп клуб." Под ова таа мисли на клубот славни музичари кои починале на 27 години.

"Рани душа да те лае" - Артур Шопенхауер

Наоколу има еден куп сајтови со згодни цитати за секоја прилика, што мрзливите често ги користат како аутсорсирана ерудиција. Така се случува и мрчало како Шопенхауер да се најде на сајт за даночни советници.

Темната страна на кокосот

Тој што е за јадење и пиење е ок, ама оној што ви мириса кога сте на полна плажа, не баш.

Памела Андерсон и митот за злоупотребуваниот секс симбол

Зборувајќи во Кан, Памела Андерсон ги потврди главните сомнежи околу нејзината младост: "Немав лесно детство. И покрај тоа што имав прекрасни родители, на 6 години бев злоупотребена од мојата беби-ситерка... подоцна на 12 години бев силувана од мојот дечко, кој сметаше 'дека ќе биде забавно ако ме силува со своите 6 другари.'"