Севкупниот биланс покажува дека градот генерално има толеранција кон користењето марихуана, со напишани 80 казни (на околу 630.000 жители) за првите 6 месеци од годинава.
Она од што се изненадиле е дека 63 од овие 80 казни се напишани од ист полицаец.
Полицијата имала и неколку поплаки околу конкретниот полицаец, по што тие ја вадат неговата детална сметка. Додека да се заврши истрагата полицаецот ќе биде тргнат од улица и од патролирање.
Во извештајот што го прави полицијата, се гледа дека црнците во градот биле непропорционално многу казнувани за користење марихуана. 36% од казните биле за црнци, иако тие сочинуваат само 8% од популацијата.
Инаку, во 2012-та Вашингтон (сојузната држава, не градот) ја легализираше продажбата на марихуана на полнолетни лица за рекреативно користење. Меѓутоа истиот закон не дозволува таа да биде користена на јавни места.