Престани да јадеш на биро

Затоа што ова никој не го прави заради ненадминливото кулинарско искуство што ти го дава ручекот пред тастатура и монитор, туку затоа што сакаат да заштедат време и да завршат повеќе работа. И по оваа основа, пак се грешка.

Според предавачот на Бизнис школата на Харвард и автор на "Екстремна продуктивност," Боб Позен, јадењето на само и на раат помага во обновување на вашите ресурси. Ова подразбира дека не треба ни телефонот да го извадите за време на оброк.

"Отсуството на стимулација го поттикнува интегративното размислување, што пак ја засилува вашата креативност. Исто така, ако имаш идеја на која работиш во твојата глава, јадењето сам ти дозволува да продолжиш на тоа без да те прекинуваат," објаснува Позен.

Иако станувањето од пред екран краткорочно ќе ти потроши од работното време, долгорочно заштедуваш многу повеќе благодарејќи на зголемената продуктивност што ја добиваш од освежување на мозокот и телото.

Освен ова, меѓу аргументите против јадење на биро е и тоа што: ручекот е шанса за одржување и градење врски со колеги, а веќе (е истражено) и докажано дека јадењето со партнери со кои си во преговори ја подобруваат профитабилноста на евентуалната зделка. Плус на сето ова, огромна е веројатноста дека бирото ви е гнасно.

1 август 2014 - 12:40