Како што ги уништува сите можни бактерии во водата, хлорот слично влијае и на бактериите во нашите црева. Ова пак нечини затоа што се смета дека нашиот организам има околу 100.000 милијарди бактерии, кои функционираат како внатрешен еко-систем. Од скоро, докторите веруваат дека недостатокот на овие (позитивни) бактерии предизвикува одредени болести како дијабет, асма, а во одредени случаи и аутизам.
Сето ова дополнително влијае на веќе постојниот проблем што Западот го создаде со војната против бактериите, што на нашиот организам влијае на ист начин како што уништувањето на амазонската шума го прави целиот регион подложен за развивање на нови агресивни видови на коров.
"Многу малку се знае за ефектот што го има хлорот на добрите бактерии кои помагаат да се зачува здравствениот дигестивен систем. Едноставно не знаеме доволно за микропскиот систем во стомакот за да се идентификува секој тип на бактерија што е важен, а уште помалку знаеме колку се добри овие бактерии да преживеат преплавување со хлорирана вода од чешма," пишува Џош Харкинсон во магазинот Мадер Џоунс.
Харкинсон потсетува на студија од 1987-ма во која се открива дека пиењето вода и со најниски нивоа на монохлорамин (средство кое се користи за дезинфицирање на водата подолго од хлор), го нарушува имунитетниот систем на глувците, што има сериозни имликации и здравје на луѓето.
Веќе е утврдено дека хлорот ги уништува микробите во почвата (што е една од причините зошто се препорачува водата да "одлежи" еден ден во шише или кофа пред да се стави на цвеќе).
И покрај се заклучокот на Харкинсон е дека хлорот врши премногу работа за да се укине, меѓутоа треба подлабоко да се истражи неговото влијание на организмот.