Тврдењето е на авторот на Three Simple Steps: A Map to Success in Business and Life, Тревор Блејк, кој ги пренесува откритијата на невролозите, според кои изложеноста на постојана негативност не само што и тебе ќе те направи таков, туку може и релативно да те оглупави.
Експериментите покажуваат дека 30 минути изложеност на негативност, тука вклучувајќи и гледање таков материјал на ТВ, го намалува бројот на неврони во хипокампусот на мозокот.
"Ова е делот од мозокот што ти е потребен за решавање проблеми. Во основа, ова го претвора твојот мозок во каша," објаснува Блејк.
За да не се сфати ова како промовирање перпетуално "шајни хепи пипл", Блејк објаснува дека постои клучна разлика кон забележување на нешто што тргнало наопаку и постојано жалење.
"Обично луѓето кои се жалат не сакаат некакво решение, тие сакаат ти да им се приклучиш во кенкањето. Ова му штети на мозокот дури и ако пасивно ги слушаш (без да учествуваш). А во случај да се обидеш да го промениш нивното однесување, тогаш тие ќе станеш тема на поплаки," пишува Блејк.
Тој дава и неколку предлози како да се решиш од овие луѓе.