Живот и забава

Збогум полио

Во следните три години опасноста од подмолниот вирус полио најверојатно засекогаш ќе исчезне од нашата планета. Како човекот успеа да ја добие оваа битка? Со факинг вакцина.

Научете дека треба да им плаќате на "креативците"

Кога Стив Џобс бара човек што ќе му го изработи логото за Некст, тој на дизјанерот Пол Рaнд му дава понуда да смисли неколку предлози за лого како аванс пред и официјално да го вработи. Одговорот на Рaнд е: Не.

НАСА сфати што се случило со водата на Марс

Во однос на атмосфера, Земјата и Марс пред околу 4 милијарди години се речиси на исто ниво. Денес атмосферата на Марс е околу 100 пати потенка отколку на Земјата. Тоа што се случило во овој период во основа се сведува на промаја.

Мурдок ја претвора Национална географија во Фокс њуз

Руперт Мурдок почна да го устројува тазе купеното милениче Национална географија по урнекот на својата империја Фокс. Отпушти сериозна бројка луѓе меѓу кои и оние кои на Фокс никогаш не му биле особено важни, проверувачите на факти.

Лондон, поскапо за 40%

Бројките ги соопштува градоначалникот на Лондон, а ги изработува Ливинг Вејџ фондацијата, и по нив живеењето во престолнината на британската империја во рок од десет години поскапело за над 40%.

How Does it Feel?

Аудио сторија на NPR за тоа како во њујоршкото студио на Колумбија рекордс е раѓана можеби најбитната песна на Боб Дилан, Like a Rolling Stone, онаа негова неповторлива анти-бајка со горчини во текстот и пекмез во органата.

Ливерпул пушти брза лента за пешаци

Првата британска брза пешачка лента е обележана во Ливерпул откако јавното мислење покажа дека гужвата во пешачките зони е најиритатниот дел од движењето низ градот. Не сите возрасти се подеднакво среќни од брзата патека.

Марихуаната е најмалиот нарко проблем на полицијата, според полицијата

За преовладувачкото мнозинство од американската полиција марихуаната не е сериозна закана заедницата, е крајниот резултат од анкетата што ја спроведува американското ЕнТеШе.

Кога ќе ти се случи народ

Деновиве толпи граѓани излегоа на улиците на Загреб, Лондон, Париз, Варшава, Сиднеј, Сеул и Дубаи. Повод: Бегалци, глобално затоплување, економска криза, растечка социјална нееднаквост? Не. Ејч&Ем ја пушти во продажба Балмен колекцијата.

Дали автомобилскиот авто-пилот треба да го убие возачот за да спаси пешак?

Замислете се во ситуација кога сте во кола со авто -пилот која јури кон група пешаци и единствениот начин да се избегне нивен масакр е да се сврти во провалија. Што треба вие колата да направи?

И Стив Вај има свој музички херој

Гитарскиот монструм има свој омилен музичар без чија музика не тргнува никаде на пат. Неговиот идол не е некој гитарски виртуоз. Не е дури ни човек кому гитарата му е основен инструмент. Џабе гаѓате.

Гневни писма на Плејбој читатели

За март 2016-та култниот Плејбој најави драстично и рискантно ребрендирање при што во печатеното издание девојките веќе нема да бидат голи. По тој тажен повод Њујоркер објавува реакции на читателите. Последнaта читателка доби дури и покана за работа во Плејбој.   

Како Ирска стана толку прогресивна околу дрогата?

Од земја во која абортусот се уште е криминализиран, деновиве дојде веста за декриминализирање на дрогите и за отворање на соби за вшприцување (за хроничните зависници од хероин да не мора ова да го прават во нехигиенска околина и со валкани / користени игли).

Џон Стујарт оди на ХБО

По неколку месечна пауза и борење со кечери, Џон Стујарт повторно се враќа на работа, ама овој пат во матичната куќа на Бил Маер и Џон Оливер. Почетниот договор е потпишан на 4 години.

Не си глуп, таков е воздухот

Освен ако не се одржува на еколошки чисто ниво, воздухот што го дишеш во канцеларија го намалува капацитетот на твојот мозок за повеќе од половина. И ова е тестирано на луѓе со капацитет.

Ирска нема да ситничари околу дрогата

Планот е Ирска е да го декриминализира поседувањето мали количества дрога, вклучувајќи хероин, кокаин и канабис, за лична употреба. Декриминализира не е еднакво на легализира.

Што остана здраво за јадење?

Пред некое време ТВ готвачката Најџела Ловсон, го резимираше она што се случува околу храната во изминативе десетина години: "Можам да ви гарантирам дека тоа што луѓето годинава мислат дека е добро за нив, следната година нема да биде."

Дали медитацијата може да биде штетна?

Медитацијата денес е мулти-милионски бизнис и панацеа за сите стресови на модерното живеење. Верата во неа некогаш е поголема од фактите кои ги дава науката а некои кругови се сомневаат и во самата идеја дека исклучувањето на мислите е демек добра работа. 

Кинеското второ дете и берзите

По стотици илјади абортуси заради незадоволство од полот на бебето, и уште толку непризнаени и напуштени деца, Кина деновиве ги укина правилата за планирање на семејството (едно дете по семејство). Потег кој сериозно не им беше планиран на производителите на кондоми.

116-те на канцерот

За информацијата околу канцерогеноста на преработеното месо пишувавме тука, меѓу другото и дека според СЗО тоа е во групата 1 канцерогени, класификација која се базира на нашата сигурност дека нешто предизвикува рак, а не колку е веројатно дека ќе го предизвика. Во оваа група има 116 ставки.

Белградско Време наполни 25 години

Белградскиот неделник Време беше еден од ретките медиумски ѕвезди Северници во регионот во кој мечката се изнаигра, те пред туѓа те пред своја врата. Во времињата на секакво бесчестие беше задоволство да се биде од нивна и да се мезат текстовите на покоjните Стојан Церовиќ и Урош Комленовиќ, те на фала богу живите Милош Васиќ, Теофил Панчиќ, Љуба Живков, Драган Тодоровиќ, Драгољуб Жарковиќ, Кремер, Баздуљ, Басара.... Тие луѓе толку сме ги читале (а нешто и пренесувале на овие простори), што веќе не ни знаеме што е нивно а што наше. Деновиве наполниле 25 години и тоа го прославија како што ги личи, кратко и јебитачно. Оди па додај нешто паметно на ова:

Зошто пиењето тера на палење цигара?

Статистики покажуваат дека 85% од луѓето кои се зависни од алкохол, исто така се зависни и од цигари. Сега науката покажа дека никотинот (кај глувците) ја поништува поспаноста предизвикана од алкохолот.

Скорсезе дуинг бизнис

Мартин Скорсезе е режисер на 15-минутиниот краток филм Аудиција, кој се случува во едно кинеско казино, а главни улоги во него имаат Бред Пит, Роберт Де Ниро и Леонардо Дикаприо. Како да ги собереш овие четворица на едно место? Со 70 милиони долари, ете како.

Плејбој знае и текстови

Од општ сеир дека интервјуата во Плејбој се чисто за алиби на тие што го купуваат, со последните промени во компанијата токму интервјуата треба да станат носители на списанието. За да покаже дека Плејбој има често занемарено пребогато портфолио со интервјуа, Лонгформ вади листа (и комплетни текстови) од десетина легендарни интервјуа објавени во магазинот.