- За снимката од Дрејк како фрла пари пред стриптиз клуб во Вашингтон, изворот побарал 5.000 долари.
- За снимката од поранешниот НФЛ играч Реј Рајс како го влече телото на својата онесвестена вереница од лифт, на изворот му биле платени 15.000 долари.
- Снимката на која се гледа и како Рајс во лифтот ја нокаутира вереницата, била продадена за 90.000 долари.
- За една слична сцена од лифт, ама овој пат со Соланж Ноулс како го напаѓа Џеј Зи во хотелот Стандард во Њујорк, додека Бијонсе стои и гледа, ТМЗ наводно има платено 250.000 долари.
- Видеото од Џастин Бибер како го употребува зборот "нигер" додека ја пее песната "One Less Lonely Girl" е платено 80.000 долари. Снимката ТМЗ ја купува во 2011-та, но ја објавува дури во 2014.
- 20-годишната Куртни Роскоп доби 2.500 долари за пред камера на ТМЗ да разговара за една журка со Чарли Шин.
- Во 2012-та, ТМЗ за 1.000 долари купува фотографија од се уште наполнетата када во која Витни Хјустон беше најдена мртва.