Атомско склониште е група чија почетна пацифистичка ориентација му го должи на името. Пред доаѓањето на Бошко Обрадовиќ се викале Јово наново но тоа му било малку неозбилно па му се јавил на Бруно Лангер да одбере некое од купот негови нови предлози:
- Исти детства, Лифтекспрес, 9 по Меркалиева, Атомско склониште...
Тука Лангер рекол:
- Стоп, тоа е тоа!
Ватрени пољубац е отприлика една третина од вкупните интереси на Милиќ Вукашиновиќ (секс, рокенрол и Ханка Палдум). Лабораторија звука зашто браќата Варешановиќ сакаат да експериментираат со музиката.
А храната е толку честа инспирација за давање име што може да се состави цело мени:
јадно предјадење: Леб и сол (по стариот македонски обичај на домаќините).
топло предјадење: Рибља чорба (не мора)
главно јадење: Пекиншка патка (декадентниот рецепт на Чонта во скратена верзија од "Пекиншка патка во карамел сос со две мандарини")
десерт: Дивље Јагоде (јер Липовача сакал нешто да звучи слатко ама да ја има жестината на неговата гитара како контраст).
Азра носи име по песната на Хајнрих Хајне:
Kraj tanahna šadrvana gde žubori voda živa, svakog dana šetala se sultanova kćerka mila.
Svakog dana jedno ropče stajalo kraj šadrvana, kako vr'jeme prolazilo, ropče blijeđe, blijeđe bilo.
Jednog dana pitala ga sultanova kćerka draga: "Kazuj, robe, odakle si, iz plemena kojega si?"
"Ja se zovem El Muhammed, iz plemena starih Azra, što za ljubav život gube i umiru kada ljube!"
... a Булдожер по песната "Некого треба да сакаш" на слвенечкиот поет Воларич во која има стих: "Некого треба да сакаш, макар и булдожер".
На Прљаво казалиште Јасенко Хоура налетал читајќи Алан Форд, Боа е по приказна која во младоста ја составиле тандемот Пуљиз-Ременариќ, У шкрипцу е приказна во која бабата на гитаристот Васа ја јаде волк а Xenija е пејачката Ксенија кога графички добива Х. И Зана е по Зана, само без графички интервенции.
Бијело дугме се по својата песна Кад би био... издадена кога уште се викаа Јутро. Кумот на Јутро (ритам гитаристот Исмет Арнауталиќ) му забранува на Брега да го користи тоа име откако бива исфрлен од бендот.
Имаше едни Булевар. Приказната за нивното име била ваква: седеле тие во кафаната Липов лад на белградскиот булевар на Револуцијата и почнале да прават листа:
- Липов лад, Чаша, Чинија, Булевар...
Притоа се запиле па настанала и кавга и тепачка и некој го скинал ливчето. Утредента на проба, отрезнети сфатиле дека било спасено само едно делче од хартијата на која пишувало Булевар. Да било спасено друго делче, можеле да се викаат Чинија.
На Гиле му текнува Електрични оргазам во кафаната Морнар без некоја посебна причина. Лачни Франц е всушност Гладниот Франц а Панкрти се копилиња, плус има панк во името.
Кики од Пилоти сакал да бие пилот, таткото на гитаристот бил пилот, имале некои униформи па, така... Филм на почетокот се викале Шпорко Шалапорко и његове жалузине но по некое време сфатиле дека тоа мора да го скрат, и тоа бааги. Филм им се бендисало на сите бидејќи "им звучело некако медиумски".
Параф е збор кој нивниот тогашен лидер Валтер Коцијанчиќ му останал во сеќавање оd часови по мајчин јазик. Па направил бенд, се сетил на зборот и ја нарекол групата по него.
Да не каже некој дека нема фајде од школо.
Искрено, немаме појма како Лет3 го добиле името. Ама па што.