Корнел Универзитетот води листа на луѓе кои цел свој живот имаат здрава тежина (ни премногу, ни премалку), и никогаш не варирале со килажата повеќе од 2 до 4 килограми, освен за време на бременост.
Целта на списокот е да им се фатат тајните на луѓево и како да не се здебелиш. До сега, тие имаат откриено некои "фрустрирачки практични одговори": половина од луѓето на списокот се мереле барем еднаш неделно, сите освен 4% појадувале, а сите освен 10% вежбале. 42% вежбале повеќе од 5 пати неделно. Мнозинството секогаш јаделе зеленчук со вечерата и пилешкото им било "омилено месо".
Она што не било така очигледно е дека 48% никогаш не држеле диета, а три-четвртини изјавиле никогаш или ретко држеле диета.
Покрај објаснувањата дека во прашања се гени, директорот на лабораторијата од Корнел што го води списокот, објаснува дека "добар дел од луѓето на списокот користат 'не-рестриктивни' стратегии, како слушање на сигналите на организмот кога е гладен, готвење дома наместо јадење надвор, и јадење квалитетни, не-преработени јадења."
Логичната забелешката на новинарката на Атлантик е - "ако јадеш само кога си гладен и ако одбиваш пица за дома да јадеш супа, ти си на диета."