Џеси Хјуџс, пејачот на бендот, во ТВ интервју низ солзи ја признава траумата од нападите во Париз, за потоа да продолжи со промоција на правото на носење оружје.
"Дали вашата француска забрана за носење оружје спаси еден единствен човек што загина во Батаклан? Ако некој може да одговори со да, би сакал да го чујам, затоа што мислам дека не е така. Мислам дека единственото нешто што го сопре масакрот беа веројатно најхрабрите луѓе што сум ги видел во животот кои голораки јуришаа кон лицето на смртта со нивното огнено оружје.
Знам дека луѓе нема да се согласуваат со мене, ама мене ми изгледа дека Господ ги направил мажите и жените, а таа вечер оржјето ги направи еднакви.
Мислам дека единствениот начин на кој се промени моето размислување е што сметам дека додека не им го одземеме оружјето на сите, до тогаш сите треба да имаат оружје," објаснува музичарот.
Бендот вечерва свири во концертната сала Олимпија, и сите влезници за настапот беа продадени во рок од неколку часа. Тие посебно ги поканија сите преживеани од нападот во Батаклан.
Хјуџс претходни изјави дека неговиот бенд ќе биде првиот што ќе настапува во Баталкан по отворањето на салата.