Мартин Шкрели дебело се лизна на Кање Вест

Мартин Шкрели посака да го купи новиот албум на Кање Вест, топтан, само за себе. Му понуди прво 10 па 15 милиони долари. На крајот ги дал парите и го купил. Ама, не е тоа баш крајот. На крајот, Мартин Шкрели на Твитер крикна: КОЈ ГИ ИМА МОИТЕ МИЛИОНИ?

Најомразениот човек во западниот свет неодамна му пиша писмо на Кање Вест со понуда до го откупи само за себе неговиот нов албум 'The Life Of Pablo' (што значи Вест да го повлече албумот од пазарот).

"Со години сум огромен фан на вашата музика. Особено вашиот албум 'The College Dropout' ми беше инспирација да успеам на млада возраст", му пишал Шкрели на Вест нудејќи му 10 милиони за откуп на новиот албум велејќи му "се надевам дека за вас и вашите партнери овој финансиски аранжман ќе биде поатрактивен отколку останатите опции".

Нешто подоцна човекот кој стана познат откако бескрупулозно подигна цена на лек за Аидс за 5.700% ја покачи понудата до Кање на 15 милиони.

И таа понуда била прифатена, но, не од Кање.

Изледа налетал Шкрели на преварант од свој ранг, во случајов некој што се занимава со биткоин дубари кој го користи името Daquan. Тој некако го убедил Шкрели дека го застапува Вест па овој нему му префрлил 15 милиончиња дигитални (важечки) долари.

Нешто подоцна:

 

Целата оваа приказна помалку личи на уште една будалаштина или измама на овој егзибиционист. Но, ова не е прва ваква идеја на Мартин Шкрели. Тој своевремено го откупи за себе албумот на Ву Танг Клан 'Once Upon A Time In Shaolin' за што плати 2 милиони долари а подоцна беше тужен од уметникот (фан на Ву Танг) чија илустрација била искористена за омотот на албумот.

15 февруари 2016 - 12:53