Живот и забава

Протеинот е штетен за здравјето, ако читаш само наслови

Нова студија објавена во журналот Нејчр метаболизам покажала дека консумирање на преголема количина на протеин е штетна за артериите, бидејќи предизвикува таложење на масти, холестерол и други состојки на ѕидовите на артериите а со тоа го стеснува и го намалува протокот на крв.

Научници одгледале лабораториски тестиси

Научници успешно одгледале „тестиси во тегла“ кои еден ден би можеле да помогнат во решавањето на машката неплодност, која погодува секој 12-ти маж ширум светот. Башка, тие вештачки тестиси би биле драгоцени за луѓе што се занимаваат со македонската политика или пак им се дадени институции на раководење. Ах, како јако ќе изгледа официјалното пречекување на вештачките тестиси на некој наш граничен премин.

Вајс медиа престана со објавување на сајтот на Вајс

Компанијата запре со објавување нови содржини на својата главна вебстрана и во исто време најави дека планира да избрка стотици вработени откако сопственикот не успеа да ја продаде Вајс медиа како пакет.

Тома беше во право: Два смо света различита

Истражувачи во Стенфорд покажале дека машкиот и женскиот мозок сепак функционираат различно, што е сериозен нокдаун за оние кругови кои сакаа да ја потценат биолошката основа на човечкиот идентитет и да го сведат на социјален конструкт. Се разбира, и натаму секој може да се чувствува како сака, само што науката ќе може да утврди дали мозокот му е машки или женски. Ако му го најде.

Како да одмилиш пиво, а да не го забраниш

Намерата на законодавците од Тенеси е да го намалат бројот на сообраќајки и жртви под дејство на алкохол, со тоа што целосно ќе забранат ладење на пиво. Сè друго останува исто, па кој сака нека се прави камен од топло пиво.

Економист реши да го пробива патот кон нормализирање на инцестот

Откако еден американски конгресмен крева галама со својот предлог закон во кој братучед/братучетка се брише од списокот на инцестоидни семејни односи (што потоа по итна постапка беше коригирано), Економист тргна со објаснување како тоа не е забрането со закон во најголемиот дел од САД и Европа, освен што се смета за одвратно.

Пандемијата убива на рати

Научна анализа на записите од повеќе од 50.000 пациенти пресметала како нивната болест ќе напредувала доколку не беше пандемијата и сиот хаос во неа. Заклучиле дека одложувањата на дијагностицирањето на ракот на кожата поради пандемијата и состојбата на здравствените капацитети довела до 100.000 изгубени животи во Европа.

Монтипајтоновци се испокараа на стари години

Ерик Ајдл неочекувано запука по Џон Клиз велејќи дека тој отсекогаш бил некој што ги малтретира оние со кои работи. Клиз потврди дека не сега, туку отсекогаш се презирале. Ајдл е разочаран што на стари години мора да работи и за тоа ја обвини ќерката на Тери Гилијам. Палин е со Клиз а останатите двајца Пајтоновца имаат среќа да не учествуваат во оваа неславна геријатриска епизода на славната трупа.

Волците од Чернобил се станати отпорни на рак

Волците кои хараат во зоната на радијација на Чернобил низ годините успеале да развијат мутација што ги прави отпорни на рак, откриваат научници од Принстон.

Некој меѓу нас не е природно интелигентен

Вработени на огромни и познати компании од Америка и Европа (Волмарт, Нестле...) се мониторираат од вештачка интелигенција која ја следи нивната секојдневна меѓусебна комуникација, за газдите во реално време да можат да го следат нивното расположение. Шпионскиот софтвер преработува околу 20 милијарди индивидуални интеракции на преку три милиони вработени.

Алармантни времиња за американските медиуми

За сите нас кои ја сакаме Америка, беше жално да се гледа како во ист ден Путин везе два саата, а Бајден не може да врзе ни две минути. Џо успеа да утне од каде е претседателот на Египет а дента излезе и извештајот дека има проблеми со меморијата и не може да се сети а) кога бил потпретседател и б) кога починал син му Бо. Но, поинтересна е паниката во американските медиуми.

RIP Вејн Крамер (MC5)

Постојат херои кои сите ги знаеме но и херои кои допрва треба да се препознаат. Таков е  гитаристот на MC5, еден од најважните рокенрол бендови на сите времиња, Вејн Крамер (1948 – 2024). Нејасно е како таква величина остана на маргините сè додека Том Морело од Рејџ не почна да зборува колку му значел нему и на групата.

Казахстан оди директно на скалпел

Затоа што хемиска кастрација не е доволно тешка казна за да ги одврати педофилите, Казахстан одлучи за најтешките педофилски прекршоци на обвинетите хируршки да им бидат отстранети гениталиите.

Олимпијада на стероиди

Некогаш кафанскиот муабет „абе треба сите да ги оставиш колку сакаат да шибаат стероиди“ е на пат да стане реалност откако организаторот на „Олимпијада на стероиди“ доби поддршка од еден од најбогатите луѓе од Силициумската долина, Питер Тиел.

На Трудо ништо не му се погоди

Канада ја стопира контроверзната програма за асистирано самоубиство на ментално болни лица, бидејќи не може да собере доволно доктори кои би учествувале во истата.

Колку километри возиш по град, толку плаќаш

Лондонскиот градоначалник Садик Кан инвестира 150 милиони фунти на „таен“ технолошки проект, кој на оние што возат по Лондон, ќе им наплаќа надомест за користење на улиците по изминат километар. Ќе дочекаме ли и за дишење да наплаќаат по градовите?

Џо Роган веќе не е ексклузивец на Спотифај

Спотифај и Џо Роган го одработија фамозниот тригодишен договор по кој блокбастер подкастот досега одеше ексклузивно на оваа стриминг платформа. Не ја прекинуваат соработката. Напротив. Потпишуваат нов договор и сега уште повеќе пари се во игра. Оние што го бојкотираа Спотифај заради него веројатно сфаќаат дека не можеш сите да ги замолчиш со бојкотирање.

Предавство со вкус на месо

Вегански ресторан кој или погрешно ја проценил својата публика или своето знаење од веганска гастрономија, ставен пред избор меѓу пропаѓање или воведување месо, одлучил да го распафка ќумурот.

Универзал повлекува милиони песни од ТикТок

Universal Music ќе ги повлече своите милиони песни од ТикТок откако преговорите на оваа тема пропаднаа. Се разбира, се работи за пари.  Овој потег би значел дека социјалната платформа повеќе нема да има пристап до песни на артисти како Тејлор Свифт, The Weeknd, Дрејк.... Тие држат околу 30 посто од светската музика а ТикТок има над милијарди корисници.

Донатори на вечни хемикалии

Студија открила дека оние кои донираат крв и крвна плазма, полесно се ослободуваат од таканаречените вечни хемикалии кои се неуништиви а ги има насекаде во човековата околина. Веста е добра за оние што донираат, но отвора проблем за оние што примаат, затоа што тие концентрации не се мерат. Дали некои сега ќе донираат крв само за да си го исплакнат организмот?

Џон Стујарт се враќа дома

Нов водител и извршен продуцент на водечкото шоу на Комеди централ ќе биде човекот што го прослави и го претвори Дејли шоу во бренд и најпопуларниот водител на шоуто - Џон Стујарт.

Амстердам сака да легализира кокаин

За да се намали ќарот и исплатливоста на нелегалната продажба на кокаин, градоначалничката на Амстердам побара регулирање на продажбата и употребата на супстанцата, слично на формулата што беше искористена за марихуаната.

Кој и кога ќе бара одговорност од доктор Фаучи?

Доктор Ковид зачудувачки лесно проаѓа во медиумите иако е вклучен во многу контроверзни аспекти на пандемијата. За некои работи и натаму е убеден дека не била направена штета, за други дека е направена штета аама други се одговорни, а за некои работи кои во негова ера беа доминантна догма, допрва признава дека немале никаква научна основа. Социјалната дистанца, на пример.

Масакр во бизнисот со медиуми

Тоа што речиси дузина меинтстрим американски медиуми отпуштаат илјадници свои вработени и новинари покажува дека медиумскиот бизнис оди лошо. Тоа што ова се случува во изборна година која уште од сега се смета за историски важна, покажува дека бизнисот само ќе оди на бетер.