Свет

Мета ќе даде 10 милијарди долари за кабел

Кабелот е за интернет и е подводен, а треба да се пушти низ океаните за да ја обиколи планетава и да и помогне на Мета сите нејзини сервиси (Фејсбук, Инстаграм, Вотсап), подобро и постабилно да функционираат.

Како не се таткува

Жена е згрозена од својот бивш партнер заради роденденот што овој му го организирал на нивниот 13-годишен син. И полицијата е на ист став со мајката, а и судот.

Бајден потпиша помилување за син му

На неколку недели пред крајот на мандатот, американскиот претседател Џо Бајден потпиша сеопфатно помилување за син му Хантер Бајден. До сега Бајден држеше на ставот дека нема никако да се меша во правните проблеми на Хантер.

Првата закана на Трамп кон БРИКС

Новоизбраниот и сè уште неинаугуриран претседател на САД, Доналд Трамп, им се закани на државите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, подоцна проширени со Иран, Египет, Етиопија и Емиратите, плус дузина држави партнерки, плус 30-тина заинтересирани) дека ќе ги замава со драконски тарифи ако помислат да се еманципираат од доларот како валута за меѓународни финансиски транскации и почнат да прават конкурентна валута.

Англија легализира еутаназија

Британските парламентарци го направија првиот чекор кон дозволување на предвремено и асистирано умирање. Терминално болни лица чии изгледи за живот не се подолги од шест месеци, ќе може да побараат да бидат еутанизирани. Потребни ќе бидат потписи од два доктора и од еден виши суд. Кај нас суд дур ти потпише нешто, и онака ќе умреш.

Не се воспитни мерки за секој родител

Мајка од Кина решава дека е време да го научи својот син повеќе да го цени образованието и училиштето, па го тера да почне да работи на тезга за храна. Планот целосно и пропаѓа откако за првите 10 дена дечкото прави мало богатство.

Бајден ќе се бори за Украина до последниот Украинец

Последното што доаѓа од американската администрација во заминување е дека Украина треба да почне да работи на симнување на старосната граница за регрутирање од 25 на 18 години. Да, со полнолетство, да се влегува директно во војска.

Стејт Департментот почнал да им плаќа терапија на вработените по победата на Трамп

Од завршувањето на изборите во САД пред дваесетина дена Стејт Департментот веќе одржал неколку тераписки сесии со вработените кои биле премногу вознемирени од изборната победа на Доналд Трамп.

Камала никогаш не водела пред Трамп

Не било тоа само кај нас, со мавтање со резултати од предизборни сондажи да се манипулира перцепцијата, да се храбри гласачката база и оние кои сакат да гласаат за победник. Камала до последен момент водеше пред Трамп, покажуваа медиумски обилно користените анкети. Неполн месец по изборите, од нејзиниот штаб признаваат дека на интерните анкети, никогаш не водела.

11 милијарди долари или смрт

Виетнамската могулка Труонг Мај Лан, осудена за измама од 12,3 милијарди долари, доби можност да куртули од смртната казна која и беше пресудена, само треба да плати 11 милијарди долари.

Американска армија, минус транссексуалци

Уште на првиот ден од мандатот Доналд Трамп би можел да потпише извршна наредба со која ќе ги избрка сите транссексуалци (некои си над 15.000 лица) од редовите на американската војска.

Германците станаа малцинство во Франкфурт

Пребројувањето покажува дека половина од жителите на Франкфурт се со мигрантско потекло. Моментално соодносот е 51,2 наспроти 48,8 за не-Германците во градот.

Британската влада веќе има 2,5 милиони потписи за предвремени избори

На некои си два месеца по доаѓањето на власт, и по 17 години во опозиција, Лабуристите веќе треба да се справуваат со барање за предвремени избори потпишано од над 2,5 милиони Британци.

Повлечени сите обвиненија против Трамп за мешање во изборите 2020

Против претходниот и иден американски претседател имаше поднесено обвиненија за десетици прекршоци за начинот на кој ракува со доверливи документи и неговите обиди да го оспори поразот на изборите во 2020, што кулминираше со упадот во Капитол. Од вчера веќе нема ни едно.

Русите напредуваат со рекордно темпо од почетокот на воjната

И руски и западни официјални лица проценуваат дека војната влезе во најопасната фаза досега, откако руските сили постигнаа некои од нивните најголеми територијални придобивки а САД му дозволија на Киев да возврати со американски ракети длабоко на руска територија. Резултатите засега ги имаат Русите.

Госпожа, усул малку

Кинеската функционерка која се прослави по тоа што 58 вработени во нејзиниот кабинет и биле љубовници и плус правела друга аванта, доби затворска казна од 13 години, плус ќе треба да плати глоба од 140.000 долари.

Филипинската потпретседателка јавно најави дека ќе го убие претседателот

Потпретседателката Сара Дутерте нема ништо лично против својот шеф, меѓутоа јавно порача дека во случај таа да биде убиена има однапред договорено да биде убиен претседателот, неговата сопруга и претседателот на Претставничкиот дом на Филипини.

Зеленски почна друго да зборува

Промената на тонот од украинскиот претседател почна да станува забележлив по американските избори и сега тој изгледа подготвен да се спогоди и за помалку отколку претходно, пишува британски Телеграф.

Украина и Полска ги поврзува само Русија

Помина времето кога Зеленски во Варшава зборуваше за полските и украинските срца кои чукаат заедно и најавуваше дека меѓу двете земји наскоро ќе нема ни економски ни политички граници. Напнатоста меѓу двете земји во последно време постојано расте на разни теми а единственото што уште ги држи заедно е стравот од Русија.

„Азербејџански гас“

Договорите што Европската унија упорно ги потпишува со Азербејџан за снабдување со природен гас, како замена за рускиот гас, на крај пак завршуваат во корист на Русија, пишува Политико.

Што се знае за суперсоничната руска ракета?

НАТО и Киев закажаа средба за да се види што ќе се прави откако Русија покажа заби (откако Киев нападна длабоко во Русија со американски Atacm и британски Storm Shadow, откако Русија влезе во Украина, откако НАТО посака да се прошири до руските граници во Украина, откако....). Западни извори гатаат дека Русија веројатно има само неколку такви.

Ковид-19 потекнува од лабораторија во Северна Каролина?

Поранешниот директор на ЦДЦ од времето на Трамп, Роберт Редфилд, верува дека ковид-19 е создаден во лабораторија во Северна Каролина, како дел од тајна програма за биолошка одбрана.

Светската банка не знае каде и се 24 милијарди долари од зелената агенда

Лошото сметководство и водењето есап од страна на Светската банка довело до зијан од 24 до 41 милијарда долари, покажала истрагата на Оксфам.

Трамп ќе користи и војска за масовни депортации

Масовната депортација на илегални мигранти беше едно од клучните предизборни ветувања на новоизбраниот претседател за кое вети дека ќе почне да го реализира уште првиот ден во Белата куќа. За да оствари таква операција ќе му треба војска. А за да може да користи војска, ќе треба да прогласи вонредна состојба која му дава право да ангажира американски војници дома.