Свет

САД нудат 19 тони плутониум за нови атомски централи

САД ги отвораат резервите на критични материјали за да поттикнат изградба на повеќе нуклеарни реактори. Бајден лани забрани увоз на руски ураниум, па администрацијата на Трамп сега ги отвора државните нуклеарни отпади, во кои има 19 тони плутониум од стари атомски бомби. Меѓу заинтересираните е и компанија на Сем Алтман. Мега-центрите за ВИ мора да се хранат со струја.

Украина може да здивне: ЕУ забрани увоз на руски ВЦ шолји

Колку и да се трудеше да биде сериозен, како што му личи на претседател што коментира санкции против неговата земја, Путин не издржа да не ја трола Европската Унија, која во новите санкции за Русија забрани и увоз на ВЦ шољи. Да потсетиме, ако заборавил Брисел, целта на санкциите беше да се притисне руската воена и економска машина за да запре војната во Украина.

Белгискиот премиер го спречи лудиот грабеж на руски милијарди

Лидерите на ЕУ беа наострени да ги запленат 140-те милијарди евра што ѝ ги замрзнаа на Русија за да ѝ ги дадат на Украина. На Киев му ветија многу пари, а немаат доволно свои. Белгискиот премиер сам го спречи овој луд грабеж. Руските пари се чуваат во неговата земја. Ако Москва си ги побара милијардите, ЕУ може да се прави наудрена, па Белгија ќе мора да ги врати.

„Економист“: Легализирајте го кокаинот!

Магазинот „Економист“ побара легализација на кокаинот како најефикасен начин да се намалат криминалот, убиствата и корупцијата. Тоа би ги смирило пресметките за профит меѓу нарко-бандите, кои на корисниците им го продаваат кокаинот по цена 120 пати повисока од производствената. Потрошувачите би добиле побезбедна дрога со строго контролиран квалитет.

Силување девојче ги крена Ирците против мигрантите

Разгневени од силување на десетгодишно девојче под државна грижа во Даблин од страна на имигрант, демонстранти ги нападнаа полициските кордони што го штитеа хотелот пренаменет во центар за азиланти. Дваесет и шест годишниот маж што го нападнал девојчето бил имигрант на кој му било одбиено барањето за азил и наскоро требало да биде депортиран.

Експлозиите во Унгарија и Романија мирисаат на „Северен тек“

За само неколку часа синоќа одекнаа експлозии во рафинерии во Романија и во Унгарија што преработуваат руска нафта. И двете земји спроведуваат истраги, сомневајќи се на саботажа. Истовремените инциденти поттикнаа шпекулации дека веројатно се дел од украинската кампања против руската енергетска инфраструктура, исто како и нападот врз гасоводот Северен тек во 2023.

Партнерите му ја минираат лото-регрутацијата на Мерц

За да ја направи германската армија повторно најмоќна во Европа, канцеларот Фридрих Мерц издвои стотици милијарди евра за инфраструктура, оружје и муниција, но никако не може да ги пополни касарните со регрути. Дури 63% од младите Германци не сакаат да облечат униформа. Коалициските партнери сега му го блокираат и планот на сила да го пополни стројот со лотарија.

САД ѝ го хакирале националниот часовник на Кина

Државната хакерска служба на САД, надалеку позната и како НСА, се уфрлила во кинескиот Центар за време - научна институција што буквално го чува времето преку прецизна координација на часовниците во клучните институции. Хакерскиот напад ги загрозува комуникациските мрежи, електричните системи, финансиските пазари, па и меѓународното стандардно време.

Забрзано членство во ЕУ, подоцна право на глас

Европската Унија разгледува нова формула како да го продолжи процесот на проширување додека го демонтира сопствениот проблем со правото на вето што го има секоја членка. Македонија и другите кандидати би можеле да бидат примени како членки без целосни права, барем во почетокот. Полноправни ќе станат кога Брисел ќе премине на гласање со квалификувано мнозинство.

Италија увезува сиромаштија

Ова е заклучок на една анализа на официјалните податоци во италијанскиот весник Ла Верита. Имигрантите сочинуваат огромен дел од оние кои живеат во сиромаштија и на кои им треба помош од држата за да преживеат. А од мигрантите и нивната свежа работна сила се очекуваше да ги полнат исцрпените фондови на европското население кое старее.

Aмерикански генерал признава дека се советува со ЧетГПТ

Не се само чиновниците, програмерите и учениците што се потпираат на генеративните модели со ВИ за да си ја олеснат работата. Американски генерал признава дека ја користи технологијата за да истражи дали со неа може да донесува подобри и побрзи одлуки. Не е толку далеку времето кога брзината на машините ќе биде решавачка за исходи од битки и за судбините на илјадници војници.

Кои се поважни, Палестинците или силуваните?

Се рзбира дека прашањето и дилемата се глупави. Но, баш таков е светот во кој живееме. Студенти на престижната Лондонска школа за економија пробале да откажат дискусија за сексуалните злосторства извршени од Хамас за време на нападите од 7 октомври 2023 година. Глејте сега ова: да не се зборува за силувањата на Хамас побарале феминистките од кампусот.

На Кина не ѝ се доста инженери

Комунистичката партија на Кина од понеделник зад затворени врати ќе го трасира економскиот пат на земјата во следните пет години. Ако се суди според професионалниот профил на делегатите, може да се очекува да додаде уште повеќе гас на големи инфраструктурни проекти и на иновации, со кои веќе се проби во светот. Но, економијата вели дека и ова има свој врв, по кој следува пад.

Мерц ќе ги признае талибанците за да им депортира мигранти

Германскиот канцелар практично веќе ја признава легитимноста на талибанските власти во Кабул, во обид да склучи договор со милитантната група за депортација на мигранти во Авганистан. На талибанците ова им овозможува да го развеат знамето на Емиратот во Берлин и да се вратат на меѓународната сцена. Австрија и Белгија внимателно го следат развојот, за да се уфрлат во шемата.

Калифорнија воведува цензура за да се бори против антисемитизмот

По нападот на Хамас врз Израел пред две години, еврејските конгресмени во Калифорнија си поставија приоритет да се борат против антисемитизмот и составија список на фрази и идеи што не смее да се спомнат во училниците. Но, дури и автори што ги поврзуваат антиционизмот со омразата против Евреите се согласуваат дека забраната за слободата на изразувањето прави поголема штета.

ЕУ петолетка за војна со Русија

Брисел предлага нова одбранбена стратегија што би требало до 2030 година да ја направи Европската Унија спремна за воен судир со Русија. Документот предвидува европските земји повеќе да купуваат оружје заедно, наместо посебно, и да ги фаворизираат домашните индустрии. Нема сигнали дека од Брисел ќе излезе и некаква стратегија за мир со Русија.

Плаг-ин хибридите загадуваат како бензинците

Анализа на 800.000 европски автомобили покажа дека реалното загадување од плаг-ин хибридите е речиси пет пати повисоко од декларираното, одредено на тестови во лабораториски услови. Возилата чии батерии се полнат од електричната мрежа загадуваат речиси исто со колите на бензин. Промовирајќи ги овие возила како „зелени“, производителите заработиле милијарди евра.

Европска „солидарност“: Ќе платат, ама азиланти не прифаќаат

Иако пред две години ЕУ договори Закон за азил, повеќето европски членки не сакаат да прифатат мигранти на своја територија за да им помогнат на најоптоварените земји – Грција и Италија. Тие, пак, не ги примаат барањата за азил на луѓето што продолжиле кон север. Конфликтот води кон укинување на Шенгенската зона и повторно кревање на огради и гранични контроли.

Британија ја изгуби контролата врз своите граници

Кралството што до пред еден век управуваше империја на сите меридијани, сега повеќе не може да ги контролира ни сопствените граници, признава британската министерка за внатрешни работи. За да запре бранот мигранти, Британија бара меѓународна поддршка, особено од балканските земји,  а размислува и за напуштање на Конвенцијата за човекови права, која ги попречува депортациите.

Нарко-картелите владеат со 70% од Мексико

Организираните нарко-банди контролираат поголем дел од Мексико отколку владата, тврди пратеник од владејачката партија Морена. Имаат своја армија од 185.000 луѓе. Не профитираат само од дрогата. Со закани и ликвидации местат избори, а потоа собираат рекет од ситните бизниси и контролираат плантажи и рудници. Лани ѝ направиле штета од 18% на мексиканската економија.

Медиумите одбија да му бидат мегафони на Хегсет

Водечките американски медиуми ги отфрлија новите правила за известување од Пентагон. Велат дека ќе се откажат од акредитациите, но не и од слободното известување. Министерот за одбрана Пит Хегсет бара од новинарите да не шетаат по канцеларии без придружба и да не објавуваат материјали што тој лично не ги авторизирал, дури и ако документите не се обележани како доверливи. 

Мајкрософт нелегално следел ученици

Австрискиот регулатор за заштита на податоци пресуди дека софтверскиот гигант Мајкрософт нелегално ги следел учениците преку својата платформа 365 Education за онлајн настава за време на пандемијата и не дава одговори како ги користел нивните податоци. Мајкрософт настојувал да ја префрли одговорноста до локалните училишта, кои немаат речиси никаква контрола врз платформата.

Имигрантите станаа топ тема во Јапонија

Веста за рекордниот број новородени бебиња од семејства на странци во Јапонија ја разбрануваа јавноста, која е поделена во ставовите дали имигрантите се благослов или се проклетство за нацијата. Едни ги гледаат како спас за фабриките и решение за демографската криза, а други не ги сакаат затоа што им ја загрозуваат традицијата. Идната премиерка е на страната на вторите.

Борис Џонсон примал мито за да ја тера Украина да војува

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон лобирал за продолжување на украинскиот конфликт откако примил мито од британски индустријалец што ѝ испорачува беспилотни летала на Украина. Џонсон бил придружуван од својот спонзор кога го посети Киев и на Зеленски му ветуваше дека ќе добие огромна воена поддршка, само за да не потпише мировен договор со Русија.