Offside

Франк Шмит (52) на крајот од сезоната заминува од германски Хајденхајм кого непрекинато го води речиси 20 години.

Мурињо ги почитува тие што знаат да паркираат автобус

Португалецот во последниве години се соочува со многу критики околу неговата дефанзивна тактика за која тој вели дека е умешност.

Наградата што Меси никогаш не ја освоил

Еден податок од шпанската фудбалска лига им западна во око на многу фудбалски статистичари кои бројат сè и сешто. Иако освои сè, постои признание што Меси не го добил.

Даниела во стилот на Хамес Родригез

Родригез го доби признанието за најдобар гол на Мундијалот во Бразил, а за истата награда за Светското првенство за жени кое се одржува во Канада, конкурира неговата сонародничка Даниела Монтоја која постигна слично голчиште против Мексико.

Самба, танго, страст и фудбал - Копа Америка

Со натпреварот Чиле - Еквадор во петок во 01 часот после полноќ по средноевропско време, започнува 44. издание на најстариот турнир за репрезентации на светот кој ќе заврши на 4. јули со финалето во Сантијаго.

Манасков со пируета се збогува од Германија

Вецлар приреди шоу на мечот против Гепинген и го испрати во пензија легендарниот Ивано Балиќ. Спектакуларниот меч, нашиот репрезентативец го искористи за атракција со неговите препознатливи брзи контри. По кусата авантура во Бундеслигата Манасков од наредната година му се придружува на Вардар.

Друловиќ: Да ја смениме историјата против Словачка

По четири порази и една победа во  квалификацискиот циклус за ЕП 2016, новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација посакува со позитивен резултат да стартува на селекторската фотеља.

Манчестер Јунајтед ќе им излезе во пресрет на дебелите навивачи

Сите навивачи на Јунајтед кој не можеа да облечат дрес со три икса, од наредната година ќе имаат можност да купат еден број поголеми.

Некогаш се срамеа да носат спонзори, а денес од нив земаат 40 милиони фунти

Во 1979-та година Ливерпул потпиша едногодишен договор со Хитачи вреден 50.000 фунти, а Манчестер Јунајтед минатата година договори спонзорство со Шевролет за неверојатни 47 милиони фунти.

Болоња во Серија А, фешта на Дал Ара

Во баражот за пласман во Серија А, фудбалерите на Болоња ремизираа со Пескара 1-1 и благодарение на подобриот пласман на табелата се вратија во најдобрата италијанска лига по само една година.

Делаведова и Џејмс ги изрешетаа Воините за 2-1 во финалето

Човекот со мисија, Леброн Џејмс се наоѓа на две победи од еден од најголемите подвизи во историјата на НБА финалињата. Кливленд синоќа го совлада Голден Стејт, а јунак од сенка на Кавси е Австралиецот Метју Делаведова.

Оди си од Ливерпул и освои Лига на шампиони

Луис Суарез ја одигра првата сезона за Барселона и веднаш го подигна најпрестижниот пехар во Европа. Од 2009 година тој е шестиот играч кој го напушта Ливерпул и потоа со друг клуб освојува Лига на шампиони.

Скандинавски начин на покажување црвен картон

Интересно е да се видат критериумите за судење во една Норвешка на пример и да се направи споредба со македонска лига. Па кај нас судија да покаже црвен за ваква ситуација, особено во втора лига, потоа ќе мора да менува професија.

А ќе ја викаа Меси

Рамона Бахман од Швајцарија за малку не влезе во конкуренција за гол на Светското фудбалско првенство откако направи слалом од половина терен и стигна до гол. Последниот потег и го уништи цел труд.

ТОП 10 голови во Лигата на шампионите сезонава

Кристијано Роналдо, Иван Ракитиќ, Лионел Меси, Луис Суарез, Марко Ројс, Карим Бензема, Роберт Левандовски и Венсан Абубакар се стрелци на најубавите 10 голови во Лигата на шампионите сезонава.

Меси чини колку две Астон Вили

Четирикратниот освојувач на Златната топка вреди двојно повеќе од Кристијано Роналдо, во најновото рангирање на вредноста на играчите во најсилните топ 5 европски лиги.

Пријателски меч како на Светско првенство

Не е ниту Светско, ниту Европско, а ниту квалификациски натпревар, но за навивачите на Белгија тоа не менува ништо. На гостинскиот пријателски дуел против Франција отпатуваа околу 6.000 и си поминаа како да биле на Мундијал. 

Најпознатите слободни фудбалери летово

Ова лето ќе биде лето на слободни играчи, затоа што на многу фудбалери им истекува договорот и од 1-ви јули 2015-та ќе можат без проблем да си бираат нов клуб.

Може ли ФИФА навистина да им ги одземе Мундијалите на Русија и Катар?

По изјавата на Доменико Скала дека ФИФА би можела да ја одземе организацијата на СП во случај да се докаже корупција, БиБиСи испитува како би одел тој процес.

Малта има свој Меси

Алфред Ефионг, репрезентативец на Малта кој игра во домашната лига ја прими на своја половина, истрча како Болт и потоа ја опали во агол каде голманот не ја брани. 

Марадона: Платини намести 167 натпревари

Легендарниот аргентински напаѓач за време на хаосот кој владее во ФИФА, му дава поддршка на принцот Али и истовремено го напаѓа првиот човек на УЕФА.

Голи водителки за поддршка на Македонија

Влатко Стефановски и Даниел Кајмакоски не помогнаа многу во мотивацијата на нашите фудбалери кои го загубија и овој квалификациски циклус за ЕП 2016. За следниот не е лошо да копираме од Венецуела која ги испрати своите репрезентативци на Копа Америка со следново видео.

Бекер: Јавна тајна е дека Роже и Новак не се поднесуваат

Љубителите на тенисот знаат дека Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ не се баш во најдобри односи. Тоа се забележува по изјавите на Швајцарецот после секој меч со Новак и обратно, а тоа го потврди и тренерот на Србинот, Борис Бекер.

Жените играат Мундијал на вештачка трева од 49 степени

Светското првенство за жени започна викендов со историската победа на домаќинот Канада над Кина во судиското продолжение, но стартот на СП ги обнови фрустрациите за одлуката на ФИФА жените да играат строго на вештачка подлога.