Offside

Роден е на 2-ри декември 2009-та година. Павел Полех на својот трет настап за Спартак Москва го постигна својот прв гол и стана најмлад стрелец во историјата на рускиот гигант. Со само 16 години, девет месеци и пет дена Полех постигна погодок во Купот на Русија против Оренбург.

Баер Л. - Штутгарт во 20:20 и Олимпијакос - Фенербахче во 20:45

Како вовед за спортскиот викенд кој следува, вечерва на тв имате три фудбалски натпревари од најсилните европски лиги и три кошаркарски средби од Евролига.

Стартува патувачкиот циркус на Формула 1

Новата сезона во Ф1 носи многу нови промени затоа што за прв пат во историјата, болиди во елитниот шампионат ќе возат дури тројца дебитанти, од кои еден малолетен. Најголеми шанси за титулата според букмејкерите им се даваат на Луис Хамилтон и Нико Розберг.

Најбрзите голови во Лига Европа

Фудбалерот од средниот ред на Севиља синоќа на гостувањето против Виљареал го постигна најбрзиот гол во Лигата на Европа, но тоа не е рекорд на сите европски натпреварувања.

Со 57 поени Кајри Ирвинг сам го победи Сан Антонио

Кливленд го совлада Сан Антонио после продолженијата 128:125, а најзаслужен за триумфот беше феноменалниот Ирвинг, кој уфрли 57 поени за личен рекорд во кариерата. За три поени, Ирвинг шутираше без промашување.

Севиља го освои Ел Мадригал, италијанското дерби без победник

Фудбалерите на Волфсбург со пресврт стигнаа до триумф над Интер од 3:1. Со ист резултат славеа и Наполи на домашен терен, како и Севиља во шапнската пресметка на гости. Во првите осминафинални дуели од ЛЕ славеа и Зенит, Клуб Бриж, Днипро и Евертон

Земал 2 милиони само за потпис, а живее со 800 долари месечно

Даниел Норис не е како сите богати спортисти кои уживаат со парите, а тоа веројатно веќе ви е јасно од насловот. Човекот не само што не сака да живее во скапа вила, туку нема ниту куќа и има подвижен кров над глава.

Триото на Барса брка повеќе од 101 гол

Целта на Суарез, Нејмар и Меси е да го надминат рекордот на постигнати голови во една сезона, кој го држи триото Меси, Ето и Анри кои дадоа 101 гол во една натпреварувачка сезона.

За навивачите на Челси нема место за Берлин

Жозе Мурињо се прости од Лигата на шампионите, откако бразилските стопери Давид Луиз и Тијаго Силва синоќа скокнаа највисоко во шеснаесетникот на Сините и со 2:2 по 120 минути се изборија за четвртфинале. Фудбалерите на Челси го загубија патот за финалето во Берлин.

Македонија зад Барбуда, Танзанија и Фарски острови

Македонската фудбалска репрезентација бележи нов пад на најновата ранг листа на ФИФА.

Освалдо даде гол за Бока, па правеше групна фотографија

Во 3. коло од Копа Либертадорес, Бока Јуниорс ја прегази Замора од Венецуела со 5-0. Два гола даде довчерашниот шпиц на Интер, Даниел Освалдо кој имаше интересна замисла за прослава на еден од головите.

Вердер Бремен и чудотворецот Виктор Скрипник

Украинецот долги години ги водеше младинските категории на Вердер, но во октомври минатата година прифати да го превземе првиот тим и направи право чудо. Скрипник учеше од менторот Томас Шаф, кој му беше тренер во најславната година во клупската историја.

Фер плеј во стилот на Ди Канио

Махмуд За`тара е фудбалерот кој го зслужува најголемиот респект оваа недела. На меч од Азискиот куп неговиот тим Ал Вехдат имаше водство од 2:0 против Ал Нахда, но 24 годишниот играч од Јордан одби да го зголеми на 3:0, бидејќи во тој момент силите не беа рамноправни на терен.

Брат за брат, Лига Европа за Италијанци

Дуелот Фиорентина - Рома ќе биде 17 натпревар меѓу два клуба од Серија А во едно европско натпреварување. Од Интертото на времето, па до Лига на шампиони, Италијанците често играа едни против други.

МЗТ Скопје – Кожув во 18:00 и Виљареал – Севиља во 21:00

Спортската понуда за вечерва ги содржи осминафиналните натпревари од Лига Европа, кошарка во Евролига и еден меч од македонска лига.

Алкалоид со пресврт до победа над Еуролинк

13. коло во Бизнис лигата на Македонија се заокружи со убедливите победи на ЕВН и Алкалоид. Мечот меѓу UNIQA и Лукоил е одложен.

Нема калкулации, Вардарки одат на победа против Динамо

Во последното коло од втората фаза по групи во ЛШ, ракометарките на Вардар во сабота го пречекуваат составот на Динамо Синара oд кој убедливо зaгубијa нa првиот меч 33:25.

Како изгледа дерби денот во Копенхаген

Минатиот викенд се играше најголемиот натпревар во данското првенство. Навивачите видоа четири гола, убави кореографии и пиротехника, а дербито помина без поголеми инциденти и уапсени навивачи.

Непосакуваниот споменик на Англија доби газда

Местото на кое се впишани сите порази на англиската фудбалска репрезентација е продадено на аукција.

Резервираната Атланта поразена од Денвер, 6 поени за Антиќ

Во дербито на вечерта во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес Клиперс предводен од феноменалниот Крис Пол ја совлада Оклахома Сити на гости. Хокси поразени од Нагетси.

Мурињо и Челси во аут, Баерн без милост

Челси имаше играч повеќе од 31’ минута, откако Златан Ибрахимовиќ доби директен црвен картон, но Парижаните упорно го бркаа резултатот и на крај тоа им се исплатеше. Со головите на Давид Луиз и Тиаго Силва  "светците“ преку прoдoлженијa обезбедија пласман во четвртфиналето.

Големите пријателства меѓу фудбалерите

Меси лобирал во Барселона да му понудат нов договор на Пинто, Герет Бејл во Мадрид замина кај стариот колега и другар, а Максвел и Ибра секаде одат заедно. Фудбалската дружба од терен кај многу фудбалери потоа се префрла на одење на гости по дома.

Федерер се посрамоти од мало дете

Роџер Федерер и Григор Димитров играа егзибиционен натпревар во Њујорк, а најинтересен момент за публиката беше кога Бугаринот му го даде рекетот на дете од публика  Швајцарецот му играше на мрежа, но беше изненаден.

Голманот со 25 клубови кој не заиграл само на Антарктик

Луц Фаненштил е Германец кој го одбил Баерн Минхен, играл на шест континенти и лежел 101 ден во затвор во Сингапур. Во моментов работи како скаут на бундеслигашот Хофенхајм, а најубаво вели дека му било во Намибија, каде одел со автостоп на гостувања.