Репрезентативецот на Македонија ги мина медицинските прегледи, а во Палермо пристигна за да го замени напаѓачот Пауло Дибала кој го засили Јувентус.
„Многу сум среќен што дојдов во овој клуб. Ова за мене е голем предизвик и голем чекор во кариерата. Се надевам дека во иднина ќе успееме да стигнеме до значајни резултати. Можам да играм на било која позиција во играта од нападот, по лево, десно или како втор шпиц. Моите силни страни се брзината и дриблингот. Го следев Палермо и Серија А и кога слушнав за интереснот бев посебно среќен. Отсекогаш ми било желба да играм во волку силно првенство, за среќа тоа се случи и сега сакам да го дадам максимумот. На навивачите би сакал да им порачам дека доаѓам тука за да дадам сè за овој клуб, да работам напорно и да постигнеме големи резултати“, изјави 22 годишниот Трајковски.