Тимот на Лех Познан по седми пат во својата историја ја освои титулата во Полска. Лех во последното коло ја совлада Висла со 2:0 и ја сочува предноста пред лутиот ривал Легија Варшава. Домашните навивачи направија фантастична кореографија зачинета со многу бакљи.