Јувентус - Барселона низ статистика

Каталонците во Берлин вечерва одат на петта европска круна. Предводени од Меси тие ги освоија сите три финалиња во 2006, 2009 и 2011 година. Јуве има освоено две, но ги загуби сите три претходни финалиња. Буфон, Пирло и Барѕаљи се враќаат со убави спомени во Германија.

- Ниту еден тим немаше двајца играчи со по минимум 9 гола во една сезона во ЛШ. Тоа им успеа на Меси и Нејмар оваа сезона кои дадоа 10 и 9 голови.

- Нејмар е третиот играч со 9 голови во една сезона во ЛШ. Првиот беше Ривалди, а вториот Меси.

- Меси сезонава има 10 голови и 5 асистенции, а кај Јуве најпрецизен е Тевез со 7.

- Патрик Евра вечерва ќе биде вториот играч кој играл финале во Лига на шампиони со три различки екипи. Единствениот на кој му успеало тоа е Кларенс Сидорф.

- Буфон, Пирло и Барцаљи ќе се вратат на Олимпискиот стадион во Берлин, каде со Италија станаа Светски прваци во 2006-та.

- Јувентус не прими гол на ниту еден меч оваа сезона во првите или последните 15 минути од натпреварите.

- Италијанците упатија најголем број на шутеви, вкупно 136.

- Каталонскиот тим комплетираше рекордни 7.174 подавања и го има највисокиот процент од 88.3%. Во тоа се први секоја сезона од 2007/2008.

- Чави и Буфон се единствените играчи кои настапија на последното соочување меѓу овие два тима кои се сретнаа во четвртфиналето во 2002/2003. Луис Енрике тогаш беше играч на Барса.

6 јуни 2015 - 16:26