Филмот за ФИФА заработил 607 долари во САД

Една година после премиерата на филмскиот фестивал во Кан, филмот на ФИФА се соочува со дебакл и критики од сите страни, а во САД почна да се прикажува во најлош момент по самата организација.

Дури и Дон Дрејпер би имал потешкотии да го промовира филмот на ФИФА „United Passions“, особено во периодот низ кој поминува светската фудбалска федерација, пишува БиБиСи. Точно година по премиерата во Кан, мулти-милионскиот биографски филм на ФИФА, викендов се прикажа и во САД, каде интересот бил минорен.
 
„Чисто кинематографско срање“ пишува Гардијан, за филмот во кој главни улоги играат Тим Рот (Сеп Блатер), Жерар Депардје (Жил Риме) и Сем Нил (Жоао Авеланж). Според Холивуд Репортер, филмот во САД викендов заработил само 607 долари, што е негативен рекорд на една премиера.
„ФИФА учествуваше во филмот со 20 милиони евра, а целиот износ за снимањето на филмот изнесува 23,5 милиони евра“, пишува во дописот што СиЕнЕн го добил од ФИФА.
Инаку филмот започнува со слика на среќни деца од сите раси кои задоволни играат фудбал на некое неодредено место. Приказната продолжува со развојот на ФИФА за време на мандатите на Жил Риме, кој го организирал првото СП во 1930. година во Уругвај, како и за изгледот на ФИФА под водство на Жоао Авеланж во '70-те и '80-те, како и на Сеп Блатер во '90-те и од 2000-та па наваму.
 
Гардијан оди и подалеку и ги критикува Депардје и Рот што иако се актери, а актерите си ја работат својата работа, не смееле да дозволат да земат од валканите пари на ФИФА, добиени од мито и корупција.
 
Трејлерот за United Passions, филмот за ФИФА:
8 јуни 2015 - 15:35