По подигнувањето на пехарот во 2006, 2009 и 2011-та, тимот со магичната тики-така игра освои уште една европска титула вкупно петта во историјата на клубот. На Јувентус му се пресекоа нозете уште по 4 минути игра, кога по една маестрална акција, хрватскиот репрезентативец го отвори резултатот на Олимпискиот стадион во Берлин.
Џиџи Буфон беше најзаслужниот што Јуве не губеше 3:0 откако скроти две чисти шанси na Каталонците. Италијанскиот шампион не се предаде и пристисна во второто полувреме по што го израмни резултатот. Иако избраниците на Луис Енрике делуваа како да ја губат психолошката предност откако примија гол, сепак Суарез во 68 минута ја врати предноста. Точка на мечот стави Нејмар во петтата минута од судиското продолжение.
Јувентус - Барселона 1:3
Ракитиќ 4` - Мората 55`, Суарез 68`, Нејмар 95`