Како првиот, така и вториот натпревар од серијата во големото финале се реши после продолженијата. На гостински терен во Оукленд славеше Кливленд со резултат 95:93, а Леброн Џејмс го заврши мечот со учинок од 39 поени, 16 скокови и 11 асистенции.
Серијата сега се сели во Охајо, а Кливленд ќе биде домаќин на дуелот во среда.
Во целиот тек, натпреварот беше израмнет, но Голден Стејт на крајот мораше да се вади, така што Стеф Кари на осум секунди пред крајот положи за конечни 87-87 во регуларниот дел.Во продолжението Кливленд уфрли пет поени (тројка на Шамперт и слободни на Леброн), но Воните се вратија и на 30 секунди пред крајот имаа половина кош предност 93-92. Сепак, на крајот Делаведова беше сигурен од слободните фрлања, а Леброн Џејмс со нови слободни го запечати поразот на Голден Стејт.
Покрај Леброн, двоцифрени кај Кавалирс беа Тимофеј Мозгов со 17 поени и 11 скокови, како и Џеј-Ар Смит со 13. Важно е да се напомене дека Кливленд и натаму игра без Кајри Ирвинг и Кевин Лав. Кај Голден Стејт, Стеф Кари го заврши мечот со скромни за него 19 поени (шут од игра 5-23). Кари загуби дури 6 топки и беше трагичар на вториот меч. Единствен расположен кај Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 34 поени.
Краток блесок на Стеф Кари синоќа:
Последниот напад на Џејмс од регуларниот дел:
Страшна банана на Драмонд врз Леброн:
Хајлајтс од вториот дуел на големото финале:
ТОП5 потези на вечерта: