Се враќаат Чурлинов и Серафимов, отпаѓа Миовски
3 November 2026
- Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Шкотска (13.11.) и Словенија (16.11.) од Лигата на нации.
- Седлоски се одлучи за 26 фудбалери, меѓу нив напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а повратници во составот се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов. Бојан Миовски не е повикан.
- Македонија на 13. ноември игра против Шкотска во Глазгов, по што следува домашниот натпревар со Словенија на 16. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.