Седлоски: Мора да се промени односот, доаѓаат тука да се прошетаат
3 November 2026
- Најголемо внимание на прес конференцијата пред дуелите со Шкотска и Словачка, предизвика острата забелешка на Гоце Седлоски за дисциплината на фудбалерите кога доаѓаат на репрезентативните собири.
- „Миовски подолго време нема минутажа во Ренџерс. Тој не е избришан од составот, но кога ќе има поголема минутажа ќе биде со нас. Нема тука лутење. И мора да се промени односот бидејќи кога ќе дојдеш тука мора да знаеш како да се однесуваш и тука сум разочаран од играчите. Доаѓаат тука да се прошетаат и да си заминат во клубот.
- Нема веќе на никого да му простувам и се знае како се бориш за тој дрес. Игравме со Шкотска и Словенија и знаеме за какви репрезентации станува збор. Да ги поправиме грешките од тие мечеви. Барам од играчите да има моторика и дисциплина во играта. Списокот што го објавив се играчи кои имаат минутажа и затоа ги избрав овие 26 фудбалери“, изјави Седлоски.