По Берлин, Јувентус ги помина Бенфика и Баерн Минхен на малерозната листа на клубови кои изгубиле најмногу финалиња. Осум пати Бјанконерите стигнале на чекор од големиот пехар, но дури шест пати загубиле во финалето.
Завршниот натпревар за Јувентус станува помалку проклет, затоа што клубот од Торино освои само две титули во дури 8 финалиња, она во Хејсел во 1985. година после трагедијата и во 1996. незаборавната ноќ на Олимпико во Рим против Ајакс.
Сите останати финалиња беа фатални по Старата дама. Во 1973. загубија од Ајакс, во 1983. година од Хамбург, во 1997. година од Борусија Дортмунд и следната 1998. од Реал Мадрид. Потоа стигна и болниот пораз од Милан во 2003. на пенали и на крајот саботниот од Барселона во Берлин.
Големата и дебела утеха за Јуве, како што пишува Тутоспорт изнесува 100 милиони евра кои што УЕФА ќе ги исплати во касата на тимот од улицата Галилео Ферарис: 49,9 милиони евра од спонзорскиот пулт, 30,9 милиони евра бонус од УЕФА, 14,62 милиони од благајните и продажните места за карти и 3,7 милиони за учество во финалето.
На играчки план, Јувентус е решен да ги почека Карлос Тевез и Андреа Пирло да одлучат за нивната иднина, а во меѓувреме во Торино стигна талентираниот напаѓач од Палермо, Пауло Дибала.