Нова убава вест за навивачите на Јувентус

Освоија скудето, ќе играат во финалето на италијанскиот куп и во Лигата на шампионите. И кога се чини дека тука е границата, управата на Јувентус на своите тифози им подари уште една причина за задоволство. Потпиша 5-годишен договор со напаѓачот на Палермо, Аргентинецот Пауло Дибала.

Италијанскиот Скај спорт пренесува дека Јувентус на Палермо ќе му плати 32 милиони евра за Дибала, а центарфорот ќе заработува 2,5 милиони евра годишно. Еве што доби Јувентус за следната сезона:

Приказната за Пауло Дибала.

15 мај 2015 - 00:15