План Би

По три години во кои се чинеше дека Милан намерно се обидува да си го уништи успехот, почнува да изгледа дека тркалата за напредок почнаа да вртат.

Откако Милан ја завршија сезоната со изненадувачка победа над Торино во претпоследното коло, одборот на Росонерите тргна по потрага по нов правец кој ќе ги води назад до масата, наместо со завист да го гледаат Јувентус како се натпреварува за европски трофеј.

Почнаа со трката за Карло Анчелоти, нивниот поранешен тренер чие присуство ќе ги потврдеше амбициите на клубот и на теренот и надвор од него, во кој ќе беа вклучени многу специфични гаранции во трансфер пазарот и тоа беше голем поттик за поранешниот тренер на Реал Мадрид.

Сепак здравјето, а можеби и степенот на скептицизам доведе кај Италијанецот да земе една година одмор додека се опоравува од операција на грбот. Росонерите бараа алтернативи и најдоа брзо, согласувајќи се со личните услови на тренерот на Сампдорија, Синиша Михајловиќ.

Србинот доаѓа по успешната сезона со Сампдорија која ја однесе на седмо место и со која загуби осум меча, а тоа е број на порази поголем само од оној на Јувентус и Рома, првопласираните две екипи.

По обидот да се вработи поранешен играч, навивач и пријателски настроен тренер со примерите на Кларенс Сидорф и Филипо Инзаги, назначувањето на Михајловиќ е движење во друга насока.

Тие не можам да го донесат Џенаро Гатузо, Паоло Малдини и Масимо Амбросини назад на терен за да всадат дисциплина, па затоа нивниот нов тренер ќе го направи тоа.

Михајловиќ е искусен организатор и мотиватор со страстен карактер. Со масовен егзодус кој се очекува на Виа Турати, поранешниот дефанзивец на Лацио и Интер, би требало полесно да го всади својот идентитет во клубот кој се бореше да го создаде изминатиов период.

Изгледите за пристигнувања на нови играчи даваат поттик во веста дека Берлускони се согласи да продаде дел од клубот на инвеститор. Долго време додворувачот Би Течабул прифати понуда да купи 48% за сума од 470 милиони евра. Тоа му дава на тајландскиот бизнисмен можност да инвестира во расчистување на клубот.

Земајќи ги предвид потезите на бизнисменот во финалните преговори, тој им нуди на Росонерите и на нивните навивачи потенцијален број на возбудливи можности. Прво и основно понуда за купување на висок профил на играчи, оние кои го игнорираат клубот во последните години.

Врските на Би Течабул со компанијата Doyen Sports му даваат можности на Милан кај играчи како Џофри Кондогбиа и Радамел Фалкао од Монако, додека амбициите на Берлускони да го врати Ибрахимовиќ се споменати и од Адријано Галијани.

Течабул и Михајловиќ сè уште не се официјално дел од Милан, но во последните недели и месеци може да им обезбедат надеж на гладните Миланисти со повеќе блесок на оптимизам. Времето ќе покаже.

football-italia

8 јуни 2015 - 16:43