Поранешниот капитен на англиската женска фудбалска селекција, Феј Вајт вели дека предлозите на ФИФА за вештачка трева на стадионите во Канада се понижувачки за понежниот пол.
„Се поставува прашањето дали жените се некаков вид хрчаци за експерименти“, изјави Вајт
ФИФА е сè поблизу до одлуката Мундијалот за жени да се игра на терени со вештачка трева, а тоа предизвика револт кај најпознатите 40 фудбалерки кои решиле да потпишат петиција за итно повлекување на таквите намери.
Петицијата ја покренале најдобрите фудбалерки за 2012 и 2013, Американката Ејби Вамбах и Германката Надин Ангерер, а откако ги собрале сите потписи, ја испратиле до ФИФА и до организацискиот одбор на првенството во Канада.
По обвинувањата за дискриминација, женскиот фудбалски пакт достави соопштение до јавноста во кое наведуваат дека тие не се ништо понееднакви од мажите, за да имаат таков третман.
„Одигрувањето натпревари од светски Куп на вештачка трева е грешка и мора да се корегира. Така е побавна топката, движењата се потешки, а поголем е и ризикот од повреди “ – вели Вајт.
Таа доби поддршка од сите женски фудбалски клубови од Европа, кои се сложија во констатацијата дека не е можно Канада да нема доволно терени со природна трева за да организира Светско првенство во фудбал.
ФИФА ја прифати кандидатурата на Канада, во конкуренција на претендентите Франција, Норвешка и Германија.
Во меѓувреме, обвинувања за ФИФА пристигнаа и од поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер кој рече дека му се гади од корумпираноста на ФИФА, откако Сеп Блатер реши организацијата за СП во фудбал 2022 година да му ја додели на Катар.
„Како некој може да помисли дека фудбалерите ќе играат на 50 степени температура, во земја каде и под сенка е неподносливо топло?“ – се чуди Линекер во изјава за англискиот печат.