Таг: петиција

Музичари против употребата на рап стихови како судски доказ

Џеј-Зи, Мик Мил, Килер Мајк и голем број други музички имиња се помеѓу оние кои бараат промена во законот на државата Њујорк, со што би се ставило крај на досегашната практика, рап стихови да се користат како докази во кривични постапки против самите музичари.

Доцна е за египетски клетви

Чувте ли дека деновиве го отворија оној црн мистериозен саркофаг околу кој се плетеа приказни дека содржи страшна клетва и дека неговото отворање може да значи апокалипса на светов? Се разбира, го отворија саркофагот и ништо од клетвата и апокалипсата. Бидејќи веќе живееме во нив.

Замислете да треба да стоите на химна во кино?

Пред една година Врховниот суд на Индија донесе одлука дека националната химна мора да биде изведувана во секоја кино сала пред прикажување на филмовите, а дека публиката мора да стои на нога. Сега филмски љубители од еден мал град во земјата се обидува да пружи отпор.

130.000 луѓе бараат Меланија да го напушти Њујорк

150.000 долари на ден е проценетиот (заокружен) трошок на градските власти за обезбедување на сопругата и најмалиот син на американскиот претседател додека се во Њујорк. А таму ќе бидат се додека малиот не заврши со школо.

Саудијките бараат куртул од мажите

Со оглед на тоа за каква земја се работи, импозантна е бројката од 14.500 жени кои ја потпишаа петицијата државата да ги олабави од мажите и од нивната задолжителна присутност во женскиот живот.

100.000 навивачи на Арсенал против судијата Мајк Дин

Топџиите му се гневни на познатиот англиски арбитар и масовно се потпишуваат на петиција, веќе никогаш да не ги суди натпреварите на Арсенал.

Европа бира незнаење?

Еден текст во форма на петиција, којшто се однесува на актуелните состојби во европската наука, ни се виде многу интересен, и заради тоа што излегува дека уништувањето на науката е заедничка мака на сите земји членки, и затоа што Македонија излегува слична, и полоша од нив. Зошто тогаш побогу не сме во Европа?

Војната меѓу Амазон и Aшет: кој продава, а кој создава книжевна култура?

Веќе подолго време во издавачкиот свет се води вистинска војна помеѓу Амазон и еден од најголемите европско-американски издавачи Ашет (Hachette). Ако на почетокот и не беше баш најјасно во што се состои конфликтот, сега веќе е - дека не се работи (само) за натегање околу пари.

ФИФА преку женскиот фудбал ќе тестира вештачки терени

Организацијата за Светското првенство за жени кое следната година ќе се игра во Канада ги налути фудбалерките кои испратија петиција до светската куќа на фудбалот.

Писатели од целиот свет за дигитална демократија

Повеќе од 500 писатели и уметници, вклучувајќи пет добитници на Нобел за книжевност, го осудија обемот на надзор на дигиталните комуникации од страна на државите.

Теoдора, врати се

Д'н втори и последњи, веќ е крај на акцију, да ги изброимо потписи, редно е... 4054 потпишани граѓани и 593 потписи од граѓани соберени преко онлајн петицију на www.change.org. Браво Куманово мое, браво сви совесни граѓани. За два д'на Совет на општину ad hoc како прву тачку на дневан ред, петицију гу ставља. Дека граѓанска иницијатива постои, од ед'н пут сви се освестива. Река од 5000 потпишани људи ќе им дојде до главу ако град не се среди, ако сообраќај на улице не добие тек како наликује на едну цивилизирану средину. Ми смо ве гласале за наше добро, ми ќе ве симнемо ако на овој барање, глуви останете. Запамтите га овој сви ви тамо што у фотеље седите.

Навивачите на Евертон со петиција против новото лого

Повеќе од 22.000 навивачи на Евертон се потпишаа на интернет петицијата против новото лого кое тие го оценија како срам за клубот.