Челниците на Евертон се обвинети дека го предале клубот и традицијата со новото лого на кое недостигаат два клучни детали.
Портпаролот на клубот изјави дека логото е помодерно и диначно, но навивачите го оценија како „срамно".
На новото лого го нема клупското мото "Nil Satis, Nisi Optimum" кое на латински значи „ само најдоброто е доволно добро". Овој слоган на логото му е додаден уште од 1938-та година.
Од логото се избришани и двата ловорови венци кои го претставуваат олимпискиот знак за успех, а поголем акцентот е ставен на годината на оформување, кулата на принцот Руперт и името на клубот.
Навивачите му порачаа на раководството дека ќе ги бојкотираат дресовите и сите останати производи со новото лого и на тој начин клубот ќе загуби многу пари.
Тие се надеваат дека ќе соберат 25.000 потписи и се многу блиску до целта, а можете да им помогнете и вие со вашиот потпис на следниот линк.