Во Саудиска Арабија владее систем на задолжителна машка придружба. Законот вели дека дали е од маж, татко и ли брат, жената мора да добие дозвола за прашања како што е дали ќе запише факултет, дали ќе патува надвор или ќе се мажи.
Кампањата за ова прашање трае подолго од пет години но никогаш не добила никаков повратен сигнал од властите. Сега потписите од петицијата му се предадени на кралскиот суд па тој ќе мора да се произнесе по прашањето.
Последниве години во два наврата беа направени извесни реформи во законот па сега жена може да пријави домашно насилство но генерално, животот на Саудијките, од раѓање па до гроб, останува во целосна контрола на мажите.
"Ме запрепасти одважноста и креативноста на кампањата и петицијата. Овие жени храбро порачаа дека не сакаат да бидат граѓани од втор ред," рече Кристине Беркле од Хјуман Рајтс Воч.
Седум работи кои жените не смеат да ги прават таму (сосе возењето или пробувањето гардероба во кабина само затоа што маж не треба да се доведува во искушение дека има гола жена позади завесата), имате овде а во продолжение видео кое објаснува како функционира системот.