По неделниот натпревар меѓу Норвешка и Тајланд, репрезентативката на Норвешка Лене Микјаланд го крена гласот за сувата подлога која ѝ отежнала на нејзината репрезентација да „фати темпо и влезе во ритам“.
Реакциите се очекувани, особено по големата борба на жените кои бараа од ФИФА да не експериментира со нив на вештачка подлога. Површината на шесте стадиони во Канада се наводнува со по две пожарникарски црева, наместо со стандарните прскалици кои го опфаќаат целиот терен.
Кога почна првенството во саботата, температурите на теренот достигнувале и до 48 степени, иако во Едмонтон дента биле измерени пријатни 23 степени Целзиусови. Тоа е затоа што вештачката трева на терените е направена од гума, пластика и синтетички влакна и побрзо се загрева отколку природната трева. Природната трева во просек е по 10-20 степени постудена од вештачката подлога.
„Еве зошто фудбалот треба да се игра на трева“.
Гласна во реакциите беше и репрезентативката на САД, Хитер О'Рили, која нагласи дека одлуката жените да играат на вештачка подлога е очајна.
„Да направиш лизгачки старт на трева, стануваш, се истресуваш од тревата на себе и продолжуваш. На вештачка подлога за жал, кога ќе излизгаш, ќе ја оштетиш кожата, ќе се повредиш и ќе направиш рана“, вели Хитер О'Рили од репрезентацијата на САД.
Сето ова доаѓа по судската расправа во која поранешни и сегашни фудбалерки ги обвинуваа ФИФА и Канадскиот фудбалски сојуз што ја задржале вештачката подлога.
Оние кои се за природната подлога тврдат дека играњето на вештачка треба е многу потешко и спортистите лесно се повредуваат на таа подлога. Играчите често и брзо се заморуваат на синтетичката подлога, отколку на природната трева.
Голот на Канада од пенал на отворањето на Светското: