Светското фудбалско првенство за жени во Канада заврши со триумф на САД против Јапонија од 5:2. Наградата за најдобар стрелец ја добија Чарли Лојд (најдобра на првенството) и Целија Шашиќ од Германија со по 6 голови. Следниот Мундијал за жени се игра во Франција за четири години.