- Македонската фудбалска репрезентација две години не знае за пораз или поточно од петардата во Рим, кога загуби 5:2 од Италија, на 17 ноември 2023-та.
- Скорот им е 8 победи: Ерменија (2), Летонија (2), Лихтенштајн (2), Фарски острови и Казахстан, и 6 нерешени средби со Англија (1-1), Фарски острови (1-1), Велс (1-1), Казахстан (1-1) и две со Белгија (1-1) и (0-0)).
- Утрешното гостување во Велс (20:45) е шанса да се стигне до 15 натпревари без пораз, а со тоа и непобедлива да ја заокружи 2025-та.
- После 11 извозени трки во Формула 1 сега е летна пауза. Патувачкиот циркус продолжува од 21 до 23 август во Холандија.
- Во генералниот пласман во моментов води најголемото изненадување на сезоната, младиот 19-годишен Италијанец Кими Антонели од Мерцедес со 219 поени.
- Втор е Луис Хамилтон од Ферари кој го подигна нивото и формата и досега собра 169 бода па активно ќе се бори за титулата. Трет е Џорџ Расел од Мерцедес со 160 поени а четврти Шарл Леклер од Ферари со 138 освоени бодови.
- Политичката битка во светскиот фудбал станува сè поинтензивна во пресрет на изборите за претседател на ФИФА, кои се закажани за март следната година. По контроверзиите околу проектот „FIFA Forward Enterprise“ и одлуката на Џани Инфантино да се откаже од него, сè поголем број национални фудбалски федерации јавно го соопштуваат својот став дали актуелниот претседател сè уште ја има нивната доверба.
- Меѓу федерациите кои се изјаснија против нов мандат на Инфантино се и Фудбалскиот сојуз на Србија, како и федерациите на Хрватска, Германија, Англија, Норвешка и уште неколку европски земји.
- Од друга страна, Инфантино и понатаму има силна поддршка од голем дел од светот. Африка, Азија и Јужна Америка се силно зад него и има големаа поддршка од нив.
- Федерации што јавно го поддржуваат Инфантино:
- Катар, Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Египет, Шри Ланка, ДР Конго, Џибути, Либан, Индонезија, Филипини, Кувајт, Гамбија, Мексико, Аргентина, Парагвај, Бутан и Бангладеш.
- Федерации што се против негов нов мандат:
- Србија, Хрватска, Германија, Англија, Норвешка, Велс, Шведска, Данска, Финска, Холандија, Романија, Грција, Албанија и Јордан.