Што треба да се случи за да една држава го загуби домаќинството на Светско првенство?
Мора да постои цврст доказ дека е пронајдена корупција и подмитување. Тоа треба да се докаже во истрагата. Последиците се огромни - правни, финансиски, дипломатски.
Како би одземале веќе доделена организација на СП?
Извршниот Комитет на ФИФА е најмоќното тело на оваа организација и единствено кое може да одлучува по прашањето на одземање организација. Сепак, актуелното прашање без преседан е непозната територија за толкувачите на правилата во ФИФА.
Кога би се случило ако воопшто се случи?
Ваква драстична одлука би можела да се донесе најрано на итниот Конгрес, кога ќе се бира замената на Сеп Блатер. Тоа е во периодот од декември 2015. до март 2016.
Градот, името на стадионот, капацитетот, вредноста на изградбата и датум на отворање:
Може ли Русија да го загуби СП 2018?
Најверојатно не може. Топката веќе е во дворот на Русија а ждрепката за квалификациите за Мундијалот во оваа земја ќе се одржи за два месеци. Телевизијата е најмоќното средство кое стои зад Светското првенство и носителите на тв правата веќе почнале да дефинираат планови, така што ФИФА нема да ја смени својата одлука.
Да се најде и алтернативен домаќин ќе биде тешко. Држави како Германија и Англија би можеле најбрзо да ги подготват стадионите за СП. Во Англија, веројатно само Вембли и Емирати на Арсенал се стадиони што ги исполнуваат сите спецификации на ФИФА. Во сите останати би требало да се инвестираат големи суми и да се изградат терени за телевизиските куќи.
Покрај стадионите, земјата домаќин би требало да биде спремна и за околу милион навивачи од целиот свет, или уште повеќе доколку се одржува во централна Европа. Дали малите градови би биле способни да пречекаат 50.000 навивачи кои бараат сместување? ФИФА исто така ќе бара и сместување за нивните членови.
Колку е тешко да се организира СП виде Бразил минатата година, кога инфраструктурата едвај беше завршена на време, а стадионот Мане Гаринча во главниот град Бразилија денес служи за автобуски парк.
Може ли Катар да го загуби СП 2022?
Во практични услови би можел. Пред сè затоа што има уште време до 2022 да се најде нов домаќин, меѓу кои најчесто се зборува за Австралија и САД.
Легално никој не знае дали може. Катарците не сакаат да слушнат за никакво преместување на Миндијалот и ќе се борат со сите правни средства истиот да се одржи кај нив, како што се изгласа. Сепак, нервозата кај Катарците е сè поголема, откако ФБИ и швајцарските судски власти го истражуваат нивниот избор за домаќин на СП.
Виа: БиБиСи