Хавиер Маскерано (Го напушти Ливерпул во 2010-та, освои ЛШ со Барселона во 2011 и 2015-та)
Аргентинецот беше три години дел од Ливерпул, а потоа во 2010 година направи трансфер во Барса за 17,5 милиони фунти. Од тогаш стигна до три титули во Примера, две во Копа деј Реј и две во ЛШ. Барселона го премести од среден ред во одбрана и таа позиција играше во двете финале во ЛШ против Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Чави Алонсо (Го напушти Ливерпул во 2009-та, освои ЛШ со Реал Мадрид во 2014-та)
Шпанскиот репрезентативец го напушти Ливерпул во 2009 година откако мина пет успешни години во Ливерпул и ја освои ЛШ во незаборавната ноќ во Истанбул во 2005 година. На Реал Мадрид му се придружи за сума од 30 милиони фунти и таму освои уште една Лига на шампиони. Не играше во финалето поради трет жолт картон во реванш полуфиналниот дуел против Баерн Минхен, каде настапува од минатото лето.
Алваро Арбелоа (Го напушти Ливерпул во 2009-та, освои ЛШ со Реал Мадрид во 2014-та)
Шпанскиот бек се пресели во Реал само неколку дена пред Алонсо, откако беше две и пол години во Ливерпул. Тој беше на клупата за резервни играчи за време на финалето против Атлетико Мадрид кое Реал го доби во продолженијата со 4:1.
Фернандо Торес (Го напушти Ливерпул во 2011-та, освои ЛШ со Челси во 2012-та)
Торес даде 81 гол на 142 одиграни меча за Ливерпул во четири сезони, но не освои ниту еден трофеј. Челси во јануари 2011 година за него плати 50 милиони фунти, но тој во Лондон не ја покажа истата форма. Но тој го постигна решавачкиот гол во полуфиналето од ЛШ против Барселона, а потоа настапи и во финалето против Баерн Минхен.
Раул Мирелец (Го напушти Ливерпул во 2011-та, освои ЛШ со Челси во 2012-та)
Португалецот кој игра во среден ред откако мина една сезона на Енфилд Роуд, Челси го купи за 12 милиони фунти и тоа во последниот ден од летниот преоден рок на 31 август 2011 година. Со Сините стигна до титула во ЛШ, но поради суспензија не играше во финалето.
Луис Суарез (Го напушти Ливерпул во 2014-та, освои Лига на шампиони со Барселона во 2015-та)
Уругвајскиот напаѓач кој одиграа 133 меча и постигна 82 гола за Ливерпул минатото лето направи трансфер за 75 милиони фунти. Иако не играше до октомври поради суспензија за гризењето на Кјелини за време на Мундијалот, потоа блесна на Камп Ноу. Суарез постигна 25 голови, направи 20 асистенции на сите натпреварувања за Барса и ја освои тројната круна. Во финалето против Јуве го постигна вториот гол за својот тим.